Појадок. Пристигнување во Танжер околу 13:30 часот. Ручек. Можност да прошетате низ живописната Медина, да ги истражите тесните улички и традиционалните пазари, да уживате во погледот кон Гибралтарскиот проток и да почувствувате дел од автентичната мароканска атмосфера. Можности за факултативни излети и посета на интересни знаменитости. Враќање на бродот до 18:30 и вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Шпанија.
Ден на море, пловење кон Шпанија. Појадок, ручек и вечера на крузерот. Не може да здосади денот — од релаксирање покрај некој од баровите или рестораните, искористувајќи некои од спа третманите кои се нудат на крузерот, до различните забавни програми: караоке, учење нов танц, нов јазик, музика во живо и што уште не. Ноќевање и крстарење во ноќните часови кон Валенсија.
Пристигнување во Валенсија во 08:00 часот. Појадок. Слободно време за шетање низ Валенсија — град со прекрасна комбинација од богато историско наследство, модерна архитектура и медитерански дух. Може да прошетате низ живописниот стар град, да уживате во сончевите плажи и да ја вкусите познатата паеља, која потекнува токму од овде. Можности за факултативни излети и посета на најзначајните знаменитости на градот. Вклучен ручек и вечера. Испловување од Валенсија во 18:00 часот. Ноќевање и крстарење до Палма де Мајорка.
Пристигнување во Палма де Мајорка во 08:00 часот. Појадок. Слободно време за шетање и истражување на градот кој плени со својата медитеранска атмосфера, прекрасните плажи и богато историско наследство. Може да прошетате низ шармантниот стар град, да уживате во крајбрежјето и да ги откриете живописните улици. Можности за факултативни излети и посета на најатрактивните места на островот. Вклучен ручек и вечера. Поаѓање во 17:00 часот. Ноќевање и крстарење до Франција.
Пристигнување во Сет околу 10:30 часот. Појадок. Слободно време за шетање и истражување на Сет, прекрасно пристанишно градче познато по своите канали, рибарска традиција и прекрасната крајбрежна атмосфера. Може да прошетате покрај каналите и пристаништето, да ги истражите тесните улички на градот и да уживате во локалните морски специјалитети. Можности за факултативни излети и посета на околните атрактивни места. Ручек и вечера на брод. Испловување во 19:00 часот. Ноќевање и крстарење до Тарагона.
Пристигнување во Тарагона (Барселона) во 09:30 часот каде завршува ова преубаво крстарење. По појадокот, багажот се остава пред Вашите кабини, го задржувате само Вашиот личен багаж. Одјавување од бродот и слободно време за прошетка низ еден од најубавите медитерански градови — Барселона. Поаѓање кон Скопје со WizzAir лет во 16:15 часот. Пристигнување во Скопје во 19:00 часот.
Цени по лице · сместување на минимум 2 лица во кабина · термин 12.12.2026| Кабина | Цена по лице |
|---|
| Внатрешна кабина | €1.14971.238 мкд |
| Надворешна кабина | €1.35984.258 мкд |
| Кабина со балкон | €1.53995.418 мкд |
| Дете до 2 години | €289 |
| Дете 2–11 години · било која кабина | од €1.049 |
| Еднокреветна, трокреветна или четворокреветна кабина | На барање |
Цената важи до 30.09.2026. За резервација е задолжителна уплата од 50% депозит, целосна доплата 30 дена пред патувањето.