18.09.2026 - 21.09.2026
Будимпешта - главниот град на Унгарија, лежи на двете страни на Дунав – историскиот Будим и динамичната Пешта. Градот плени со својата раскошна архитектура, живописни мостови и богата култура. Позната е по своите термални бањи, како Сечени и Гелерт, како и по величествени знаменитости: Парламентот, Кралската палата и Рибарската тврдина. Вечерните прошетки покрај Дунав откриваат романтични погледи, а локалната кујна нуди вкусови кои се паметат.
Будимпешта често ја нарекуваат „Париз на Истокот” поради романтичната атмосфера, раскошните згради и светлата одразени во Дунав. Градот нуди одличен баланс меѓу историја, култура, релаксација и модерен урбан живот.
1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје најмалку 2 часа пред лет. Директен лет од Скопје со авиокомпанијата Wizz Air во 11:55 ч. Пристигнување во Budapest во 13:20 ч. По пристигнувањето следува организиран трансфер и панорамски разглед на градот: Széchenyi Chain Bridge – најпознатиот синџирест мост, Elisabeth Bridge, споменикот на St. Gellért, Margaret Bridge, Gellért Hill – со еден од најубавите панорамски погледи на градот, како и Matthias Church. Факултативно: влез во Matthias Church.Пристигнување во хотел и сместување. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организирана посета на најпознатите атракции во Будимпешта – катедралата Св. Стефан, замокот Vajdahunyad, плоштадот на хероите, Цитаделата, Рибарската тврдина, Будимскиот замок (Кралската Палата). Изборно – Влез во катедралата, во Рибарската тврдина, замокот Vajdahunyad, Будимскиот замок. Враќање во хотелот. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Организирана целодневна посета на Сентендре и Вишеград. Изборно – влез во катедралата. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Слободно време за шопинг. Трансфер до аеродром. Директен лет Будимпешта – Скопје. Поаѓање од Будимпешта со авиокомпанијата WIZZ AIR во 13:55ч. Пристигнување во Скопје во 15:20ч.
Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.