17.10.2026 - 20.10.2026
МИЛАНО - Милано е модерен и динамичен град, познат како светска престолнина на модата, дизајнот и бизнисот. Покрај луксузните бутици и елегантните улици, градот нуди богато културно и историско наследство. Симбол на Милано е величествената Катедрала Дуомо, една од најубавите готски цркви во Европа, а во близина се наоѓа прочуената галерија Виторио Емануеле II со своите ексклузивни продавници и кафулиња. Љубителите на уметноста можат да го посетат манастирот каде се чува ремек-делото „Тајната вечера“ од Леонардо да Винчи. Милано е одлична почетна точка за истражување на северна Италија, а посетителите уживаат во неговата врвна гастрономија, живописниот ноќен живот и бројните културни настани. Градот совршено ги спојува традицијата и современиот начин на живот, нудејќи незаборавно искуство за секој посетител.
ЕЗЕРОТО КОМО - едно од најубавите и најпознатите езера во Италија, опкружено со величествени Алпи, живописни села и луксузни вили. Познато по својата природна убавина и елегантна атмосфера, тоа е омилена дестинација за љубителите на природата, романтичните патувања и мирниот одмор. Шармантните места како Белаџо, Варена и Комо нудат прекрасни прошетки, традиционална италијанска кујна и незаборавни погледи кон кристално чистите води на езерото.
1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред време за лет. Полетување за Милано Бергамо во 18:10 часот, слетување во 20:10 часот. Следува организиран трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Разглед на Милано. Плоштадот Palazzo Sforzesco, Duomo Square и катедралата, галеријата шопинг центар Vittorio Emanuele II Gallery, театарот. Тргнување за езерото Гарда, разглед околу 1 час. Заминување за Riva del Garda. Разглед 30мин, факултативно прошетка со фреиброд до Limone Sul Garda, враќање со брод до Malcesine. Краток разглед. Заминување за Sirmione со кратка посета. Враќање за Милано. Патувањето трае околу 2 часа. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Поаѓање за Езерото Комо. Патувањето трае околу 1 час. Прво посета на Комо , потоа посета наTremeso Факултативно возење со фери брод до Bellagio. Враќање со брод до Mennagio и краток разглед. Заминување за Лугано. Сместување во хотел во близина на Лугано. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Разглед на Лугано околу 2 часа со посета на главните споменици San Lorenzo Cathedral, Santa Maria Church, Parco Ciani, Piazza della Riforma. Потоа продолжува посета на езерото Маџоре. Патувањето трае околу 1 час. Потоа следуваат кратки посети на Locarno, Cannobio и Verbania. Трансфер до аеродром Полетување за Скопје во 21:25 часот, пристигнување во 23:15 часот.
Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.