Локација
КАИРО – срцето на древниот Египет. Прошетајте покрај Нил и доживејте ја величественоста на Пирамидите во Гиза и мистичната Сфинга. Со својата богата историја, ориентална атмосфера и живописни пазари, Каиро е идеална дестинација за незаборавно патување исполнето со култура, авантура и уникатни доживувања.
АЛЕКСАНДРИЈА – бисерот на Средоземното Море, каде историјата и морскиот ветер се спојуваат во совршена хармонија. Прошетајте покрај живописното крајбрежје, откријте древни знаменитости и уживајте во магијата на градот што со векови инспирира патници од целиот свет.
АЛ АМЕИН – мирен бисер на Средоземното Море, познат по своите прекрасни песочни плажи и историско значење. Дестинација која нуди совршен спој на релаксација, кристално чисто море и богато историско наследство.
РИМ - Вечниот град и едно од највеличествените места во светот. Прошетајте низ повеќе од 3.000 години историја и откријте ги Колосеумот, Фонтаната ди Треви, Шпанските скали, Пантеонот и живописниот кварт Трастевере. Рим е град кој плени со својата архитектура, култура и неповторлива атмосфера.
Програма
1 ден – 26.09.2026 (сабота)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред летот. Полетување за Рим во 17:10 часот. Пристигнување во Рим во 18:55 часот. Организиран трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.
2 ден – 27.09.2026 (недела)
Рано напуштање на хотелот во 05:40 часот и трансфер до аеродромот. Лет за Каиро. Пристигнување во Каиро во 10:15 часот. По пристигнувањето следува разглед на Пирамидите во Гиза и Сфингата.
Во попладневните часови продолжуваме кон Сакара и Мемфис.
Опционално: Влез во пирамидите Кеопс, Кефрен, Микерин.
Опционално: Фотографирање и јавање камила. Опционално: Влез во Сакара и посета на Пирамидата на Џосер.
Опционално: Влез во Мемфис и разглед на археолошкиот локалитет (статуата на Птах и урнатините).
Опционално: вечера на Нил.
Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден – 28.09.2026 (понеделник)
Појадок. Посета на Големиот египетски музеј или Египетскиот музеј во Тахрир, каде се чуваат непроценливи фараонски богатства, мумии и археолошки експонати од различни периоди на древниот Египет. Продолжуваме кон Каирската цитадела и посета на познатата џамија на Мухамед Али.
Во попладневните часови посета на џамијата Ал-Хусеин или Ал-Азхар, а потоа прошетка низ најпознатиот ориентален базар во Каиро – Кан ел-Калили.
Опционално: Влез во музејот.
Опционално: Влез во цитаделата и џамијата на Мухамед Али.
Враќање во хотел . Hoќевање.
4 ден – 29.09.2026 (вторник)
Појадок. Појадок. Поаѓање кон Александрија во раните утрински часови. Патувањето трае околу 3 часа.
По пристигнувањето следува разглед на Александрија со посета на најзначајните знаменитости на градот.
Опционално: Влез во Библиотеката на Александрија.
Опционално: Влез во тврдината Каитбај.
Опционално: Столбот на Помпеј и катакомбите Ком ел Шокафа.
Слободно време за прошетка покрај познатото крајбрежно шеталиште Корниш и фотографирање.
Околу 15:00 часот поаѓање кон Ел Аламеин. Патувањето трае околу 1 час. Сместување во хотел. Ноќевање.
5 ден – 30.09.2026 (среда)
All Inclusive престој и ноќевање во ресорт.
6 ден – 01.10.2026 (четврток))
All Inclusive престој и ноќевање во ресорт.
7 ден – 02.10.2026 (петок)
All Inclusive престој. Попладне трансфер до аеродром во Александрија. Лет за Рим во 23:40 часот.
8 ден – 03.10.2026 (сабота)
Пристигнување во Рим во 02:05 часот. Трансфер до хотел и сместување. Појадок.
Панорамски разглед на Рим со посета на: Вила Боргезе, храмот на Ескулап, Пјаца дел Пополо, Шпанските скали, Пјаца ди Спања, Фонтаната ди Треви, Виа дел Корсо, Алтаре дела Патриа, Пјаца Венеција, Римскиот форум, Палатин и Колосеумот (однадвор).
Во попладневните часови трансфер до аеродромот. Лет за Скопје во 18:35 часот. Пристигнување во Скопје во 20:20 часот.