21.09.2026 - 24.09.2026
Милано – модерна метропола на северна Италија, позната по економијата и модната индустрија. Градот нуди динамичен урбан живот и многу можности за културни и деловни активности.
Џенова – приморски град на северозападна Италија со богата историја и тесни, живописни улици. Морската атмосфера и пристаништето ја прават градската средина посебно привлекувачка.
Пиза– е позната по својата светски славна Крива кула, но овој шармантен тоскански град нуди и богата историја, прекрасна архитектура и живописна атмосфера покрај реката Арно. Со своите плоштади, катедрали и автентични италијански улици, Пиза е совршена дестинација за кратко културно и романтично патување.
Болоња – е град познат по својата богата историја, средновековна архитектура и врвна италијанска гастрономија. Со своите препознатливи аркади, живи плоштади и најстариот универзитет во Европа, Болоња нуди уникатен спој на култура, традиција и автентична италијанска атмосфера.
1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје најмалку 2 часа пред лет.Директен лет од Скопје до Болоња со авиокомпанијата WIZZ AIR во 19:05ч. Пристигнување во Болоња во 20:55 ч. Организиран превоз со автобус до хотелот. Сместување во хотел и ноќевање.
2 ден
Појадок. Организирана разглед на Болоња со главните знаменитости, плоштадот Maggiore, фонтаната Нептун, базиликата San Petronio, плоштадот Santo Stefano, двете кули Asinelli - Garisenda. Продолжување за Пиза. Разглед на Пиза. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Тргнување за La Spezia во 08:30 до железничката станица. Патувањето продолжува со воз. Заминување со воз за Manarola - застанување и разглед околу 1 час. Заминување со воз за Varnazza - застанување и разглед околу 1 час. Заминување со воз за Monterosso - застанување и разглед околу 1 час. Заминување со воз за Levanto - затсанување и разглед околу 30 минути. Патувањето продолжува Rapallo и трае околу 1 час, панорамски разглед и се продолжува за Santa Margherita di Ligure и Портофино со краток разглед. Се продолжува за Џенова. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Панорамски разглед на главните знаменитости на Џенова - театарот, плоштадот, San Lorenzo катедралата, пристаништетот итн. Патувањето продолжува за Милано и трае околу 2,5 часови. Разглед на Милано - главниот плоштад и катедралата Duomo. Vittorio Emanuele II Gallery, театарот La Scala. Попладне трансфер до аеродромот. Поаѓање за Скопје во 21:25. Пристигнување во Скопје во 23:15
Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.