19.09.2026 - 22.09.2026
Париз - Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен
1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред лет. Полетување за Париз во 12:10 часот. Слетување во 15:10 часот. Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед: Avenue des Champs-Élysées – Елисејските Полиња, Arc de Triomphe – Триумфалната капија, Place de la Concorde – плоштадот Конкорд и Les Invalides – Домот на инвалидите. Сместување во хотел Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организиран панорамски разглед на Париз со автобус. Се посетуваат:, Tour Eiffel – Ајфеловата кула, прошетка со брод по реката Сена, Jardin du Luxembourg – Луксембуршките градини и Quartier Latin – Латинскиот кварт. Musée du Louvre – музејот Лувр. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање во хотел.
3 ден
Појадок. Организирана целодневна посета на забавниот парк Дизниленд со автобус. Влезницата вклучува 2 паркови и е вклучена во цената на аранжманот. Враќање во хотел во дополнително договорено време. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Панорамски разглед на Galeries Lafayette – познатата париска трговска галерија, Opéra Garnier – историската париска опера, Слободно време за шопинг. Поаѓање од Париз во 12 Полетување во 15:45ч од Париз, слетување во Скопје во 18:30 ч.
Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.