ВИЛА БЕСТ

На самиот југ на Црна Гора, само неколку километри од границата со Албанија, се наоѓа Улцињ – шармантен приморски град со ориентален дух, медитеранско чувство и една од најдолгите песочни плажи во Европа. Оној што еднаш ќе го посети, никогаш нема да го заборави магијата на овој крај.

Она по што Улцињ е најпознат се неговите плажи – пространи, сончеви и ретко убави.

Велика плажа – Големата песочна убавица со должина од над 13 километри.

Ада Бојана – Допир со дивата природа Уште една атракција е речниот остров Ада Бојана, каде реката Бојана се влива во Јадранското Море. Островот е познат по својата недопрена природа, ресторани со риба изградени на столбови и една од најубавите нудистички плажи во Европа.

Мала плажа – Градско бисерче под тврдината Токму под Старата чаршија се наоѓа Мала плажа – омилено место за локалното население и туристите. Со живописната променада, бројните кафулиња и ресторани, таа нуди вистинска медитеранска атмосфера и е идеално место за капење по прошетка низ градот.

 

 

Бест апартманите се наоѓаат во Улцињ – сончевиот бисер на Црна Гора. Апартманите се наоѓаат помеѓу стар и нов Улцињ. Во близина на вилата има големи супермаркети, пекара, продавници. Сите соби се опремени со кујна со основен прибор за готвење, сопствен тоалет. Дел од апартманите се реновирани а дел нереновирани. Вилата ја препорачуваме за лица кои патуваат со сопствен превоз, истата е на 1км од најблиската плажа.


КООРДИНАТИ:  41°55'08.5"N 19°14'12.4"E

Адреса: Djerane 2 br.14

 

 

  

 

 

 

 

 

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ЕВРА ЗА НАЕМ НА СТУДИО ОД ДЕН!

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Туристичка такса (1€ по лице од ден – се плаќа во вилата)
- Автобуски превоз

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ЗА ЦРНА ГОРА:
- Скопје (Aвтобуска станица) - 45€
- Куманово (Автобуска станица) – 45€
- За деца (02-11.99 год.) се одобрува 50% попуст

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- За резервација задолжително е уплата на аванс 30% од вкупниот износ, а остатокот се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Цените се дадени во евра по лице, а плаќањето е во денари (1 евро = 62 денари)
- Уплатата може да ја извршите директно во агенција, онлајн преку веб страната или на жиро сметка
- Минимум три ноќевања за престој 

- Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден во 09:00 ч. (багажот се остава на рецепција)
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
- За хигиената на собите се грижат самите гости
- Сите настанати штети за време на престојот се на терет на патникот
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта
- Се патува преку граничен премин Блаце

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија