Малта во Јуни 05.06-08.06.2026

Малта во Јуни 05.06-08.06.2026

 Прв Ден (05.06.2026) Петок

Состанок на групата на скопскиот аеродромот 2 часа пред летот.
Полетување за Малта во 20:50 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.

Пристигнување на аеродромот во Малта во 22:35 часот. Трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

 Втор Ден (06.06.2026) Сабота

Појадок.
Предлог – факултативна посета на Валета и Мдина. Се упатуваме на полудневен факултативен излет на централна Малта и посета на стариот главен град на островот, Мдина, уште познат и како тивкиот град.
Додека се шетате низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачите на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров.
Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“,изградена во 19 – ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата.
Во договорено време, тргнуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич. Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините на градот изграден од Витезите на Св. Џон. Прошетката води кон Градините Горна Барака (Upper Barrakka Gardens) и неверојатен панорамски поглед на Големото пристаниште (Grand Harbour), како и посета на Ко – катедралата на Свети Јован (St. John’s Co – Cathedral), дом на ремек – делото на Караваџо (Caravaggio) – “Обезглавувањето на Свети Јован” (“The Beheading of Saint John”).
Слободно време за индивидуални активности низ преубавата Валета.
Индивидуално враќање назад во хотел.
Ноќевање.


Трет Ден (07.06.2026) Недела

Појадок.
Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг.
Поаѓање во утринските часови кон главниот град, а воедно и најнаселено место на островот, градот Victoria во минатото познат како Rabat.
Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј.
Слободно време за индивидуални активности и ручек.
Ќе ја посетиме и базиликата TA Pinu – место на чудата, позната по чудесните приказни, богата историја и духовно значење за ова прекрасно место.
Враќање во хотел.
Слободно време за индивидуални активности.Четврти ден (08.06.2026) Понеделник

Појадок.
После појадокот се упатуваме во посета на Popeye Village (Селото на Попај). Селото всушност претставува филмски сет, останат од 1980 година од музичката продукција “Popeye”. Денес е интересна атракција каде што на момент ќе можете да се почувствувате како дел од филмски сет, заедно со ликовите од популарниот филм Попај Морнарот. Може да вкусите Малтешко вино, да се возите со чамец, да си купите сувенир кој ќе ви биде прекрасен спомен од ова место и секако да го посетите Музејот за стрипови на Попај брои над 100 оригинални стрипови од 1936 година.
Враќање назад во хотел од каде што се упатуваме кон Marsaxlokk (се изговара „марса-шлок“) значи „јужно пристаниште“ и се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Ова е најголемото рибарско село на Малта, неговиот шарм се крие, не само во одличните риби што се нудат, туку и во романтичната сценографија каде голем број живописно обоени чамци танцуваат на благи бранови.
Тоа е сцена која ги одмора и душата и очите. Препорачуваме патување кое вклучува тура со брод до познатите пештери Blue Grotto кои што се уште една од локациите на Малта кои вредат да бидат посетени.
Слободно време за индивидуални активности.
Во договорено време трансфер до аеродром.

Полетување за Скопје во 23:10 часот.
Слетување во Скопје во 00:50 часот.

Од 05.06.2026 До 08.06.2026

Важно

  • ПРИЈАВУВАЊЕ на ФАКУЛТАТИВИ ПРИ УПЛАТА на АРАНЖМАН !!
    За реализација на истите потребно минимум 14 пријавени патници
  • Задолжителна проверка на пасошот.
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот и копија од валиден пасош
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот.
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

ДОПЛАТА ЗА ДЕТЕ ОД 2,99 ДО 11,99 ГОДИНИ – 369 ЕВРА (-4ОЕ ОД ПРОМО ЦЕНАТА ЗА ВОЗРАСНИ)

ДОПЛАТА ЗА ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА 120Е

Marsaxlokk (трансфер + придружник од агенцијата)ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕКСКУРЗИЈА

Цена за пакет: 30

Уплата во Агенција

Факултативен излет – Popeye Village трансфер+влезница

Цена за пакет: 25

Целодневен факултативен излет на островот Гозо (трансфер + локален водич)

Цена за пакет: 60

Полудневен факултативен излет на Валета и центарална Малта (трансфер + локален водич)

Цена за пакет: 55
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија