СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ОКТОМВРИ 2026 - АВИОНСКИ ПРОГРАМИ - Штутгарт и Стразбург 01.10.2026

Штутгарт и Стразбург 01.10.2026


Детали за турата

  • Локација

    Штутгарт - Скриен во живописните ридови на југозападна Германија, Штутгарт е жив град кој ги изненадува посетителите со својата единствена мешавина од модерна иновација, богата култура и природна убавина.

    Стразбург – Сместен во срцето на Европа, Стразбур е град кој прекрасно го спојува францускиот шарм со германското влијание, создавајќи уникатно културно и архитектонско искуство. Како главен град на регионот Алзас и официјално седиште на Европскиот парламент

    Колмар - мал, но шармантен град, познат по одлично зачуваното старо градско јадро со шарени куќи во традиционален алзашки стил, канали и калдрмисани улички, поради што често го нарекуваат „Мала Венеција“. Градот има мирна атмосфера, богата историја и е идеална станица за уживање во локалната култура, вино и гастрономија.

  • Програма

    1 ден – 01.10.2026 (четврток)

    Состанок на групата на аеродромот во Скопје два саати пред време за лет. Лет за Базел. Поаѓање од Скапје во 06.30 часот. Пристигнување во Базел во 08:50часот. Поаѓање за Баден Баден. Патувањето трае околу 2 часа. Посета на Баден-Баден, сместен на брегот на реката Ос, познат по своите римски термални бањи. Посети: Rathaus – Градско собрание, споменикот на Otto von Bismarck, Festspielhaus – најголемата оперска куќа во Германија, Stiftskirche – црква, и Fabergé Museum – музеј со околу 700 уметнички дела. Трансфер до Штутгард. Патувањето трае околу 2 часа. Кратки паузи за време на патувањето. Сместување и ноќевање во хотел. Ноќевање.

    2 ден – 01.10.2026 (петок)

    Појадок. Организирана посета на Штутгарт, каде што ги посетуваме: Altes Schloss – замокот Алтес Шлосе и седиштето на династијата Виртемберг, Schlossplatz – централниот плоштад со замокот Neues Schloss, Rathaus – градското собрание, Fernsehturm – телевизиската кула со висина од 216 м, Mercedes-Benz Museum и Wilhelma Zoo & Botanical Garden – зоолошка и ботаничка градина. Попладне, заминување за Карлсруе. Патувањето трае околу 1 час и 20 минути. Разглед на градот: Karlsruhe Palace – поранешна резиденција на војводите од Баден, Marktplatz – плоштад со старата пирамида, Rathaus – градското собрание со фонтаната и статуата на војводата Лудвиг, St. Stephan’s Church – католичка црква, и Place des Droits de l’Homme – Плоштадот на основните права. Вечерта, заминување за Стразбур. Патувањето трае 2 часа. Сместување и ноќевање во хотел.

    3 ден – 03.10.2026 (сабота)

    Појадок. Организирана посета на Стразбур, град на УНЕСКО, на бреговите на реката Рајна. Разглед на: Ponts Couverts – покриените мостови, Cathédrale Notre-Dame – катедралата Нотр Дам, имитација на катедралата Нотр Дам де Парис, Maison Kammerzell – трговска куќа од 15 век, Place Gutenberg – плоштадот Гутенберг, La Petite France – занаетчискиот кварт Мала Франција, најголемата џамија во Франција отворена во 2012 година, и European Court & Parliament – седиштето на Европскиот суд и Парламентот.

    Поаѓање кон Колмар (околу 1 час). Разглед на: Quartier de la Krutenau – познат како Мала Венеција покрај каналот Lauch, центарот на градот, Rathaus – градското собрание, Église Saint-Martin – црквата Свети Мартин, Старата воена стражарска куќа, куќата на Адолф од 1350 година и Maison des Têtes. Потоа поаѓање кон Милуз (околу 30 минути), со разглед на: Rathaus – градското собрание, Place de la Réunion – Плоштадот на берзата и Cité du Train – Музејот на возовите. Враќање во хотел. Ноќевање.

     4 ден – 04.10.2026 (недела)

    Појадок. Заминување за Колмар Трансфер до аеродромот во Базел. Лет Базел - Скопje. Поаѓање во 13:45 часот. Пристигнување во 16:00 часот.

  • Вклучено

    • Авио-билет на релација Скопје–Базел–Скопје со Wizz Air
    • Аеродромски такси
    • Бесплатен багаж 40 × 30 × 20 cm
    • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3★
    • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
    • Организирани панорамски разгледи според програмата
    • Организација на патувањето и придружник од агенцијата за целиот престој 

  • Не е вклучено

    • Сѐ што не е наведено во програмата
    • Влезници за во објектите и културно-историски споменици
    • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

  • Напомена

    • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување, но во секој случај.
    • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
    • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.

  • Општи услови и информации

    Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија