СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ОКТОМВРИ 2026 - АВИОНСКИ ПРОГРАМИ - БАРИ 10.10.2026

БАРИ 10.10.2026

БАРИ

 Дена / 3 ноќевања / Авион

На брегот на Јадранското Море, под топлото јужно сонце, нè пречекува Бари – град со медитерански ритам и вистинска италијанска атмосфера. Мирисот на море, тесните камени улички и живите плоштади создаваат чувство дека времето овде тече побавнo. Совршен вовед во магијата на регионот Апулија и идеална почетна точка за едно незаборавно патување.

10 Окт (Сабота)                           Скопје - Бари
Состанок на аеродромот во Скопје во 19:45 часот. Полетување кон Бари во 21:55, и пристигнуваме во 23:05. Трансфер до хотелот. Ноќевање.

11 Окт (Недела)                           Бари - Алберобело – Матера
Појадок. Факултативен излет до Алберобело, градот познат по уникатните куќи „Trulli“ со конусни кровови, изграден од неправилни камења без малтер. Уличките создаваат магична атмосфера, како да сте влегле во цртан филм, а целиот град е под заштита на УНЕСКО.  Во попладневните часови заминуваме кон Матера – град кој остава без здив со својата специфична архитектура. Изграден меѓу карпести падини, со куќи врежани во камен, овој град создава впечаток на природна сценографија. Враќање во Бари во вечерните часови. Ноќевање.

 

12 Окт (Понеделник)             Бари – Лече
Појадок. Факултативен излет до Лече, познат како “Фиренца на југот“ поради богатата барокна архитектура и уметничко наследство. Градот е познат по топлиот медено-златен камен од кој се изградени црквите и палатите, што му дава посебен сјај. 
Ќе прошетаме низ неговиот прекрасен стар град, каде што барокната архитектура и топлиот златен камен од кој се изградени зградите му даваат посебна атмосфера. Ќе застанеме кај една од најимпресивните барокни цркви во Италија – Basilica di Santa Croce, позната по својата богато украсена фасада со многу детали и скулптури. Потоа ќе продолжиме кон еден од најубавите плоштади во градот, Piazza del Duomo, каде што се наоѓа катедралата и неколку значајни историски објекти. Трансфер до Бари.  Ноќевање.

13 Окт (Вторник)               Бари – Скопје
Појадок. Разглед на Бари. 
Денот го започнуваме со прошетка низ шармантните улички на Бари, град кој зрачи со автентичен јужњачки дух и морска свежина. Во стариот дел, Бари Векија, тесните камени сокачиња кријат мали плоштади, локални продавници и традиционални куќи каде сè уште се чувствува вистинската апулијска атмосфера. Ќе ја посетиме базиликата Св. Никола, едно од најзначајните духовни и културни обележја на градот, како и катедралата која сведочи за богатото историско наследство на регионот. Прошетката продолжува кон модерниот дел на градот, со елегантни булевари, познатиот театар Петруцели и долгата морска променада, идеално место за уживање во погледот кон Јадранското Море. Полетуваме за Скопје во 22:40 и пристигнуваме во 23:50 часот.

попуст за ранa уплатa до 25.06:    479 €  / 29.700 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  559 €  / 34.660 мкд


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз: Скопје – Бари – Скопје, со Визер

Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 10кг

Трансфер аеродром – хотел - аеродром

Сместување во хотел EXCELSIOR BARI 4*, три ноќевања, со појадок.

Организиран пешачки разглед на Бари.

Организиран траснфер за сите излети.

Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

·         Факултативен излет Матера и Алберобело со водич и трансфер – 95€

·         Факултативен излет Лече со водич и трансфер – 110€

·         ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ(Матера, Алберобело и Лече) - 185€

Туристичка такса 1.650 мкд (се плаќа во агенција)      

Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг  / чекиран багаж - куфер до 20кг 

*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

Карти за локален превоз (метро)

Патничко – здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба 11.470 денари

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници.

За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.

Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.

Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.A. СУПЕР ТРАВЕЛ

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија