СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 1 MAJ, 24 MAJ и 28 МАЈ - АВИОНСКИ ПРОГРАМИ - ПАРИЗ-30.05.26

ПАРИЗ-30.05.26

Датуми на поаѓање

30 May

30.05.2026 - 02.06.2026

€858.00

Детали за турата

  • Локација

    Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

  • Програма


    1 ден – 30.05.2026 (сабота)

    Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред лет. Полетување за Париз во 12:10 часот. Слетување во 15:10 часот. Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед на: Arc de Triomphe – Триумфалната капија, Place de la Concorde – историски плоштад, Avenue des Champs-Élysées – познатата париска авенија, Assemblée Nationale – Француското национално собрание, Les Invalides и Tombeau de Napoléon – комплексот каде се наоѓа гробот на Наполеон, Jardin des Tuileries – историска градина со фонтани и скулптури. Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

    2 ден – 31.05.2026 (недела)

     Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон новиот дел на Париз – La Défense. Слободно време за прошетки, разгледување и шопинг или (факултативно) екскурзија до Версај. Потоа се продолжува кон Ајфеловата кула. Краток одмор за фотографирање на Trocadéro. Слободно време за посета на Ајфеловата кула. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

    3 ден – 01.06.2026 (понеделник)

    Појадок. Организирано поаѓање кон Латинскиот кварт. Се посетуваат: Panthéon – Пантеон (однадвор), Jardin du Luxembourg – Луксембуршките градини, Cathédrale Notre-Dame – катедралата Нотр Дам (однадвор).

    Потоа следи посета на: Place de la Bastille – плоштадот Бастиља и Opéra Garnier – Операта Гарние. Разгледот продолжува кон Монмартр: Basilique du Sacré-Cœur – базиликата „Свето Срце“ (однадвор) и Place du Tertre – плоштадот на уметниците. Разгледот завршува со кратка посета на Moulin Rouge – Мулен Руж и слободно време за фотографирање. Факултативно: посета на Musée du Louvre – музејот Лувр. Навечер: крстарење со брод по реката Сена. Враќање во хотел. Ноќевање.

    4 ден  02.06.2026 (вторник)

    ПојадокПојадок. Поаѓање кон Големите булевари „Хосман“. Слободно време за шопинг и прошетки во околината на Galeries Lafayette – Галерија Лафајет и Musée du Parfum Fragonard – музејот за парфеми „Фрагонар“. Поаѓање од Париз во 12:00 часот. Полетување во 15:45 часот од Париз и слетување во Скопје во 18:30 часот.

  • Вклучено

    • Авио билет на релација Скопје-Париз Wizzair
    • Аеродромски такси
    • Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
    • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* од ланецот на IBIS
    • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
    • Организирани панорамски разгледи на градот со автобус
    • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
    • Туристичка такса

  • Не е вклучено

    • Патничко осигурување
    • Индивидуални трошоци
    • Влез во туристичките знаменитости и музеи
    • Факултативни излети
    • Останати трошоци кои не се спомнати
    • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

  • Факултативни Излети

    • Влезница за Лувр 38 € , за деца до 10 години 18 €
    • Влезница за брод по Сена 18 еур (за деца до 10 години 10 €)
    • Патувањето до Версај чини 15 € ( за деца до 10 години 7 €)
    • Влезница за дворецот Версај и градините 35 € (за деца до 10 години 20 €)
    • Сите резервации за екскурзиите се закажуваат при резервација на аранжманот

  • Напомена

    • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
    • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
    • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.

  • Општи услови и информации

    Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија