22.05.2026 - 25.05.2026
18.09.2026 - 21.09.2026
Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град или град на стотина кули, претставува магичен град на мостови, катедрали, позлатени кули и црковни куполи. Лежи на реката Влтава. Поседува најдобро сочувано средновековно градско јадро во Европа, како и атрибути на еден од најмодерните европски градови.
1 ден – (Петок)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје два саати пред време за лет. Полетување за Прага во 10:40 ч. Слетување во 12:55 ч. Организиран трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден – (Сабота)
Појадок. Организиран панорамски разглед на градот: Hradčany, Loreto Church, Prague Castle, Базиликата (однадвор), Националната галерија, Катедралата „Свети Вид“, Базиликата „Свети Ѓорѓи“, Кралската палата и Златната уличка. Разгледувањето продолжува со посета на областа Вишеград – тврдината со црквите и Националниот музеј (однадвор), Новиот градски плоштад и Карловиот мост. Враќање во хотел. Слободно време за вечера.
3 ден (Недела)
Појадок. Организирана посета на Карлови Вари со автобус. Патувањето трае околу 1 час и половина. Прошетка низ Карлови Вари со слободно време за индивидуални разгледувања. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден – (Понеделник)
Појадок. Поаѓање за Кутна Хора. Патувањето трае околу 1 час во еден правец. Слободно време за прошетки. Поаѓање од Прага во 15:35 ч. Слетување во Скопје во 17:35 ч.
Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.