Влезница за ЛегоЛанд - 45€ по лице
Посета на LEGOLAND Deutschland Resort – еден од најпопуларните тематски паркови во Европа, посветен на светот на LEGO коцките. Паркот се простира на голема површина и е поделен на повеќе тематски зони со бројни атракции, возења, интерактивни игри и спектакуларни LEGO модели изградени од милиони коцки.
Посетителите имаат можност да уживаат во различни авантури, адреналински ролеркостери, водени атракции, 4D кино и креативни работилници каде што децата можат сами да градат и создаваат со LEGO. Особено впечатлива е зоната Miniland, каде се прикажани познати европски градови и знаменитости изработени од милиони LEGO коцки.
Овој парк е идеално место за семејна забава и незаборавно искуство за деца и возрасни.
Организиран разглед со водич - 30€ по лице
Организиран разглед на Munich со придружник, при што ќе имате можност да се запознаете со најпознатите знаменитости на градот и неговата богата историја, архитектура и култура.
• Marienplatz – централниот плоштад и главно собиралиште на градот уште од средниот век, опкружен со историски градби, продавници и ресторани.
• Neues Rathaus – величествената нова градска куќа изградена во неоготски стил, позната по својот Glockenspiel часовник кој секојдневно прикажува механичка претстава со фигури.
• Frauenkirche – најпознатата катедрала во Минхен и еден од симболите на градот, препознатлива по двете кули со зелени куполи и богата историја која датира од 15 век.
• Olympiapark München – модерниот олимписки комплекс изграден за Летните олимписки игри во 1972 година, денес место за концерти, настани и прекрасни панорамски прошетки.
• English Garden – еден од најголемите урбани паркови во Европа, познат по зелените површини, езерата, пивските градини и уникатната атракција – сурфање на реката Eisbach.
Посета на Allianz Arena - 20€ по лице
Посета на Allianz Arena – еден од најмодерните и најимпресивните фудбалски стадиони во Европа и дом на FC Bayern Munich. Стадионот е познат по својата уникатна фасада составена од илјадници светлечки панели кои ја менуваат бојата во зависност од настаните.
Изграден е во 2005 година и има капацитет од околу 75.000 гледачи. Allianz Arena беше еден од главните стадиони за време на 2006 FIFA World Cup, а денес претставува една од најголемите спортски атракции во Минхен.
При посетата ќе имате можност да ја видите импресивната архитектура на стадионот, како и да дознаете повеќе за историјата и успесите на клубот и германскиот фудбал.