СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 🤽 🤽ЛЕТО 2026🏊‍♂️ 🏄‍♂️ - ☀️🌊ШПАНИЈА / ЛЕТО - КОСТА БРАВА - КОСТА БРАВА - 06.06 ,18.07, 01.08, 08.08, 05.09 ,12.09

КОСТА БРАВА - 06.06 ,18.07, 01.08, 08.08, 05.09 ,12.09

Коста Брава Лето 2026

(Лорет де Мар, Барселона)

 

Коста Брава е крајбрежен регион на Каталонија во североисточна Шпанија. Се смета дека се протега од градот Бланес, 60 км. североисточно од Барселона, до француската граница – со други зборови се состои од брегот на провинцијата Гирона. Брег исполнет со нерамни заливи, средновековни села, песочни плажи, лозја и секако делата на Салвадор Дали. Многу патници доаѓаат во овој живописен регион на Шпанија за да ги истражат селата со најразлични екскурзии, пловења со катамарани, патувања со кајак или со посета на саканиот град Барселона.

Барселона е софистициран и тренди главен град  на Каталонија полн со позитивна енергија кој нуди единствен летен одмор во кој може да се ужива и во изобилство на култрурно – уметнички, гастрономски и урбани доживувања. Град кој симболизира забава, дружење, различност, авантури, а пред се е град со богата душа.

Термин 1: 06.06 – 13.06.2026 (7 ноќи)

 

ПРОМО ЦЕНА: 749 € (46.440 денари)

Редовна цена по лице: 849 €

Термин 2: 18.07 – 25.07.2026 (7 ноќи)

 

Цена по лице: 969 € (60.080 денари)

Термин 3: 01.08 – 08.08.2026 (7 ноќи)

 

Цена по лице: 1.059 € (65.660 денари)

Термин 4: 08.08 – 15.08.2026 (7 ноќи)

 

Цена по лице: 1.089 € (67.520 денари)

Термин 5: 05.09 – 12.09.2026 (7 ноќи)

 

ПРОМО ЦЕНА: 689 €  (42.720 денари)

Редовна цена по лице: 839 € 

Термин 6: 12.09 – 19.09.2026 (7 ноќи)

 

ПРОМО ЦЕНА: 699 €  (43.340 денари)

Редовна цена по лице: 849 € 

Факултативни излети:

  • Посета на Барселона – 50 € по лице
  • Boat Party по брегот на Коста Брава – 65 € по лице

 

**Влезниците за објектите се со доплата.

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ.

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

– ТЕРМИНИТЕ и ЦЕНИТЕ на аранжманот се подложни на промени и се согласно моментална расположливост.

– Распоредот на активностите е подложен на промени согласно можностите и временските услови.

– За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број на патници не се исполни патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информации за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување.

– Кај аранжманите кои вклучуваат авио превоз, по купувањето на картата не е возможна рефундација на истите и во тој случај важат условите на авио компанијата.

– Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low cost авио компанија, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.

– Цените со low cost аранжмани подложни се на промени и по уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.

– Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авио компаниите.

– Наведените саатници на летовите во програмата подложни се на промени и зависат од авио компанијата.


01 ДЕН СКОПЈЕ - БАРСЕЛОНА – ЛОРЕТ ДЕ МАР

Пристигнување на аеродромот во Скопје три часа пред летот кој полетува за Барселона во 18:50 часот и слетува во 21:40 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Лорет де Мар.
Сместување и слободно време за одмор.
Кратка прошетка во околината и забава во ноќен клуб.

02 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР

Слободно време за уживање и заедничка дружба на една од плажите во Лорет де Мар.

Во попладневните часови враќање во хотел, кратка пауза за подготовка и прошетка во Лорет де Мар. После прошетката посета на ноќен клуб и забава до раните утрински часови.

03 ДЕН БАРСЕЛОНА

Слободно време за релаксација на плажата во Лорет де Мар и дружба во некој од beach баровите во кои секојдневно се организираат различни забави.
Во попладневните часови се упатуваме кон Барселона каде разгледот го започнуваме со посета на Arc de Triomf, паркот Ciutadella, , плоштадот Каталонија, катедралата Catedral de Barcelona, Готскиот кварт,авенијата Рамблас каде ќе имаме пауза за заедничка дружба во локален ресторан. Прошетката ја продолжуваме со Каса Мило, Каса Батло, катедралата Саграда Фамилија и прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во светот.

Враќање во Лорет и забава во ноќен клуб.

04 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР

Слободен ден за уживање на плажа во Лорет де Мар.

Во вечерните часови прошетка во Лорет. После прошетката групата се упатува на забава во еден од многубројните клубови во градот до раните утрински часови.

05 ДЕН BOAT PARTY по брегот на Коста Брава

Неколку часовно крстарење со катамаран по брегот на Коста Брава. Турата започнува од Лорет де Мар и е во времетраење од околу 4 часа. Прво се упатиме на север во потрага по прекрасните заливи и пештери кои се наоѓаат помеѓу Кала Левадо, Тоса де Мар и Кала Футадера. За време на целото патување можеме да пиеме безалкохолни пијалоци, сангрија и пиво.
Во текот на крстарењето ќе се закотвиме во заливот со можности за капење, нуркање и сончање. За време на паузата ќе се служи ручек: тестенини со салата или „Al dente“ сос од домати, скара подготвена на бродот со говедски плескавици и маринирани коцки пилешко заедно со овошен коктел. За време на кружното патување до и од заливите ќе има музика и танцување, со диџеј.

После крстарењето во вечерните часови заедничка дружба во локално кафуле.

06 - 07 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР

Слободни денови за уживање на плажа во Лорет де Мар или некој од околните градчиња.

08 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР - БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ

Одјавување од собите и оставање на багажот во хотелот. Во договорено време со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Барселона со пристигнување три часа пред летот кој полетува во 22:15 часот и слетува во Скопје во 01:00 часот.

                                     Вклучено 

  • Авио превоз Скопје - Барселона – Скопје
  • Аеродромски такси - подложни на промена
  • Рачен багаж – ранче (40cm х 30cm х 20cm)
  • Трансфери од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
  • 7 ноќевања во хотел во Лорет де Мар (Феналс) на база ноќевање со појадок
  • Трошоци за организација на патувањето 

 

Не е вклучено

  • Факултативни излети
  • Градска туристичка такса
  • Патничко осигурување (задолжително)
  • Индивидуални трошоци на патниците 
  • Контакт
    Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
    Факс: 043/550-773
    Е-маил: info@supertravel.com.mk
    Адреса
    бул. "Македонија" бб
    Кавадарци
    Р. Македонија