Локација
БАРСЕЛОНА - главниот град на Каталонија и едно од најпопуларните туристички места во Шпанија. Сместена на брегот на Средоземното Море, Барселона се гордее со богата историја, прекрасна архитектура и културен живот кој трае преку целата година. Клучните точки кои ја прават Барселона посебна се следниве: La Sagrada Familia – најпознатиот симбол на градот, дизајниран од славниот архитект Антонио Гауди. Park Güell, со својата уникатна архитектура и колоритни мозаици, е уште едно дело на Гауди, парк кој е сместен на височинка над Барселона од каде се пружа панорамски поглед на градот и морето. Познатата улица La Rambla и Готскиот кварт се историското срце на градот. Не смее да се заборави ни Музејот на Пикасо. Посета на Camp Nou го препорачуваме за љубителите на фудбалот. Барселона е град кој го спојува модерното со традиционалното, град кој нуди забава, уживање на плажа, а шопингот и ноќниот живот се оние две алки кои ја прават Барселона незаборавна.
Програма
1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред времето на летот. Директен лет до Барселона со авиокомпанијата WIZZ AIR во 17:20ч.
Пристигнување во 20:10ч. Организиран превоз со автобус до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Прошетка по булеварот Passeig de Gràcia, каде се наоѓаат најпознатите светски брендови, како и бројни вили со автентична архитектура, меѓу кои Casa Milà, Majestic Hotel, Casa Batlló, Casa Amatller и Casa Lleó Morera. Продолжуваме кон градскиот плоштад Plaça Catalunya, каде се наоѓа статуата на Francesc Macià.
Прошетката продолжува низ Готскиот кварт на Барселона, со посета на Палатата на каталонската музика – ремек-дело на архитектот Lluís Domènech i Montaner. Разгледот завршува на плоштадот Plaça de la Seu, кај Катедралата на Света Еулалија. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Посета на Parc Güell, проектиран од архитектот Antoni Gaudí, и на базиликата Sagrada Família, симбол на градот. Потоа следува разглед на кулата Torre Glòries (поранешна кула Агбар) и на паркот Parc de la Ciutadella, каде се наоѓаат Castell dels Tres Dragons (Дворецот на трите змеја) и споменикот Cascada Monumental, како и Триумфалната капија во непосредна близина. Попладне, посета на плоштадот Plaça d’Espanya и ридот Montjuïc, каде се наоѓаат Олимпискиот стадион, Олимпискиот плоштад и Националниот музеј на уметност на Каталонија (MNAC). Разгледот продолжува до пристаништето со статуата на Кристофер Колумбо (Mirador de Colom), како и прошетка по познатата улица La Rambla, со посета на Palau Güell, дело на Antoni Gaudí, и прекрасниот Кралски плоштад Plaça Reial. Следува посета на марината Port Olímpic со двете највисоки кули Hotel Arts и Torre Mapfre, а потоа и посета на фудбалскиот стадион Camp Nou и музејот на стадионот (во зависност од достапноста). Ноќевање.
4 ден
Појадок. Слободен ден во Барселона за индивидуални активности. Поаѓање од Барселона во дополнително договорено време со авиокомпанијата WIZZ AIR во 20:55ч. Пристигнување во Скопје во 23:40ч.