СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 🤽 🤽ЛЕТО 2026🏊‍♂️ 🏄‍♂️ - ☀️🌊ИТАЛИЈА / ЛЕТО - Лето 2026 на Тиренско море – Италија + посета на Неапол

Лето 2026 на Тиренско море – Италија + посета на Неапол

Подгответе се за незаборавно летно искуство покрај магичните брегови на Тиренско Море – дел од Медитеранот познат по својата кристално чиста вода, песочни плажи и романтични зајдисонца.
Овој регион ги спојува природната убавина, историјата и вистинската италијанска атмосфера, создавајќи совршена дестинација за одмор и уживање.

РЕГУЛАРНА ЦЕНА: 539 €
ПРОМО ЦЕНА: 449 €

Тиренско Море – што го прави посебно?
Тиренското Море се протега долж западниот брег на Италија и е опкружено со некои од најубавите региони како Кампанија и Тоскана.

Познато е по:
-тиркизна и топла вода;
-долги песочни плажи и скриени заливи;
-близина до острови како Капри и Искија;
-автентична италијанска кујна и опуштена атмосфера;

Неапол – срцето на јужна Италија
Ќе имате можност да го посетите живописниот град Неапол – град со душа, историја и енергија.
-родното место на пицата
-поглед кон вулканот Везув
-богато културно наследство и тесни улички полни со живот
-комбинација од хаос и шарм што ќе ве освои на прв поглед


Сместување – удобност и релаксација
Вашиот престој ќе биде во хотелот Cumeja Beach & Club Hotel 4* , лоциран директно покрај море.

Ова патување е совршен спој на море, култура и италијански стил на живот.

Дозволете си лето кое ќе го паметите!

 

CUMEJA BEACH CLUB & HOTEL 4*

СМЕСТУВАЊЕ КОЕ ПРАВИ РАЗЛИКА
Вашиот одмор ќе биде во Cumeja Beach & Club Hotel 4* – место каде релаксацијата е загарантирана:

  • Локација директно покрај море
  • Приватна плажа и базен
  • Италијанска кујна и пријатна атмосфера
  • Совршен баланс помеѓу мир и уживање

Што е вклучено во цената

  • 5 ноќевања на база на BB ( појадок  );
  • Директен лет на релација : Скопје – Неапол – Скопје;
  • Авио билети;
  • Рачен багаж до 8кг – ( Wizz Air димензии 40x30x20 );
  • Трансфер од аеродром до хотел и назад ;
  • Користење на лежалки на плажа
  • Посета на Неапол

Што не е вклучено во цената

  • Доплата за кабински и чекиран багаж ( информации и плаќање во агенција);
  • Туристичка такса ( се плаќа на лице место);
  • Индивидуални трошоци;
  • Патничко осигурување;
  • Факултативни излети за посета на Капри,Амалфи и Поситано – ( за нив се пријавувате на лице место );
  • Доплата за single room -200 е (12400,00 ден.)

План и програма

ПРВ ДЕН

Состанок на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот. Внимавајте на вашиот авионски багаж да ги задоволува потребните димензии и килажа. По пристигнувањето во Неапол, организиран трансфер до хотелот и сместување.

ВАЖНО:
ЛЕТОВИТЕ ЗА СИТЕ ЧЕТИРИ ТЕРМИНИ СЕ СЛЕДНИТЕ:
SKOPJE – NAPLES ( 16:30 PM )
NAPLES – SKOPJE ( 18:45 PM )

ВТОР ДЕН - ПЕТТИ ДЕН

Овие денови се предвидени за уживање и индивидуални активности , како и за еднодневна посета на Неапол.
Денот предвиден за посета на Неапол , се одредува дополнително на лице место.
Воедно препорачуваме и  посета на некои од факултативните излети како што се : Капри,Амалфи,Поситано.
За овие факултативи се одлучувате на лице место. Пријавување и резервација не се прави во канцеларија.

ШЕСТИ ДЕН

По напуштањето на собите, во договорено време трансфер до Аеродромот. Пристигнување во Скопје

Важно

  • Термините се со фиксни датуми и не подлежат на промена;
  • Пасошот треба да има минимум важност од 6 месеци;
  • Сместувањето е во само 1/2 тип на соби (се сместуваат две лица)
  • Доколку се сместат 1 возрасен и 1 дете до 11,99 год се плаќаат две цели промо цени – дополнителен попуст за деца нема.
  • Доплата за single room -200 е (12400,00 ден.)
  • Појадок: 08:00ч. – 10:00ч.- на база на шведска маса
  • Летовите за сите четири термини се следните:
    SKOPJE – NAPLES ( 16:30 PM )
    NAPLES – SKOPJE ( 18:45 PM )

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија