ФИРЕНЦА - Италијанската Атина, град со некои од највредните културно-историски споменици во светот. Внатрешноста на многубројните цркви, палати и галерии крие цел универзум на врвни дела од визуелната уметност. Првиот голем успех како град на уметноста Фиренца го доживува во XV век, за време на доминацијата на семејството Медичи, кога е родена и ренесансата.
РИМ - Сите патишта водат во Рим, срцето на Италија, Вечниот град или „Caput Mundi“, град создаден како свет за себе. Неговата историја долга 3.000 години ја обликува природата на Рим, создавајќи единствена целина каква што не може да се најде никаде на друго место во светот. Да се посетат Римскиот амфитеатар – Колосеумот, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, Пантеон или квартот Трастевере е задолжително – инаку би било како воопшто да не сте го посетиле овој вечен град.
1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред време за лет. Полетување за Рим во 18:55 часот, слетување во 20:45 часот. Следува организиран трансфер до Фиренца. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организиран панорамски разглед на Фиренца со посета на следниве културно-историски знаменитости: Piazza della Signoria – главниот плоштад, прошетка по Piazza del Duomo – плоштадот со катедралата, Piazza San Lorenzo, Museo Davide – музеј со познати скулптури, Piazza Santa Maria Novella, црквата San Trinita, Ponte Vecchio – историскиот мост и Pitti Palace. По разгледот следува поаѓање за Пиза и краток разглед на градот. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Организиран разглед на Рим: Piazza del Popolo – познат плоштад со три порти, Via del Corso – главната пешачка улица, Fontana di Trevi – прочуената фонтана, Pantheon – античкиот храм, Piazza Venezia – централниот плоштад, Piazza Navona – барокен плоштад, и Колосеумот – најпознатиот римски амфитеатар. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Поаѓање за Ватикан – посета на плоштадот Свети Петар, Ватиканските музеи и замокот Sant’Angelo. Трансфер до аеродром во Рим. Полетување за Скопје во 19:40 часот, пристигнување во 21:20 часот.
Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.