Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации.
Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници.
Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.
1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред лет Полетување за Париз во 06:00ч. Слетување во 09:05 ч. Организиран трансфер со автобус до Париз, со краток панорамски разглед на: Arc de Triomphe – Триумфалната капија, Place de la Concorde – историски плоштад, Champs-Élysées – позната авенија, Assemblée Nationale – француското национално собрание, и Tuileries Garden – историска градина со фонтани и статуи. Разгледот продолжува кон Tour Eiffel, со слободно време за искачување (факултативно) или фотографирање на Trocadéro. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организирано поаѓање кон Латинскиот Кварт. Посета на Jardin du Luxembourg – Луксембуршките градини и Église Notre-Dame – Богородичната црква (однадвор). Разгледот продолжува кон Montmartre, со посета на Basilique du Sacré-Cœur – црквата Свето Срце (однадвор) и Place du Tertre – плоштадот на уметниците. Разгледот завршува со кратка посета однадвор на Moulin Rouge и слободно време за фотографирање. Факултативно: организирана посета на Versailles и разглед на новиот дел на Париз – La Défense. Враќање во хотел. Ноќевање .
3 ден
Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Opéra Garnier – позната оперска куќа и посета на Galeries Lafayette – еден од најпознатите трговски центри во Париз. Слободно време за шопинг. Посета на Musée du Louvre – Лувр музеј (влезницата се наплаќа). Факултативно: можност за бродска тура по реката Сена. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
4 ден
Појадок. Организиран трансфер за на аеродром. Полетување во 09:55ч од Париз и слетување во Скопје во 12:40ч.
Има можност за резервација на трокреветна соба