СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ПАТУВАЊА 2026 - MAJ 2026 - АВИОНСКИ ПРОГРАМИ - JУЖНА ИТАЛИЈА БАРИ – АЛБЕРОБЕЛО – АЛТОМУРА – ОТРАНТО - ТАРАНТО 09.05 – 12.05.2026

JУЖНА ИТАЛИЈА БАРИ – АЛБЕРОБЕЛО – АЛТОМУРА – ОТРАНТО - ТАРАНТО 09.05 – 12.05.2026

JУЖНА ИТАЛИЈА
БАРИ – АЛБЕРОБЕЛО – АЛТОМУРА – ОТРАНТО - ТАРАНТО
09.05 – 12.05.2026

БАРИ - Стариот град (Bari Vecchia) плени со тесни калдрмисани улици, средновековни цркви и
традиционални ресторани. Најпозната знаменитост е Basilica di San Nicola, а модерниот дел на градот
нуди продавници, кафиња и променада крај морето.
АЛБЕРОБЕЛО – мал град во регионот Апулија, југот на Италија, познат по својата уникатна архитектура
– традиционалните камени куќи со конусни покриви, наречени trulli. Стариот дел на градот е зачуван
како светско културно наследство на УНЕСКО и нуди живописни улички, локални продавници и
традиционални ресторани, што го прави уникатна атракција за сите.
АЛТОМУРА - град познат по својата средновековна архитектура и богата историја. Најпознат е по
Cattedrale di Altamura – импресивната катедрала од 13. век, и по традиционалното лепче Altamura (Pane
di Altamura), заштитено со етикета за географско потекло. Градот има шармантни калдрмисани улици,
локални пазарчиња и пријатна атмосфера за прошетки.
ОТРАНТО - историски град на југот на Италија, кој плени со стариот дел со тесни улички, средновековни
ѕидини и чаробно пристаниште. Главната знаменитост е Cattedrale di Otranto, позната по впечатливиот
мозаик од 12. век. Градот нуди и убави плажи и можност за прошетки покрај морето.
ТАРАНТО – познат важен пристанишен и индустриски центар, со богато историско наследство од
грчкото и римското време. Главните знаменитости вклучуваат Castello Aragonese – средновековна
тврдина, старото пристаниште и Археолошкиот музеј. Градот нуди и убави прошетки покрај морето и
локална гастрономија.
379€  -23 498 ден
Авионски превоз
3 ноќи
+ трансфер и вклучени
разгледи
Со појадок

1 ден – 09.05.2026 (сабота)
Состанок на групата на аеродром во Скопје, 2 часа пред летот.
Директен лет до Бари со авиокомпанијата Wizz Air во 21:55 ч. и
пристигнување во 23:05 ч. Пристигнување и сместување во хотел во
Бари. Ноќевање.

2 ден – 10.05.2026 (недела)
Појадок. Организиран превоз со автобус, до Алберобело и се
посетуваат традиционалните куќи trulli. Патувањето продолжува кон
Polignano a Mare со кратка посета. Кратка посета на Монополи со
прошетка низ стариот дел на градот, замокот Carlo V – средновековна
тврдина, и главната катедрала Monopoli. Потоа организиран разглед на
Бриндизи со посета на Colonne Terminali – остатоци од римскиот
плоштад, Castello Aragonese – средновековна тврдина, Chiesa di Santa
Maria и San Giovanni – историски цркви. Продолжуваме кон Лече со
посета на Basilica di Santa Croce – барокна катедрала, црквата на Св.
Марија, Piazza del Duomo – главниот плоштад, статуата на Sant'Oronzo,
Porta Napoli – историска градска порта, замокот и амфитеатарот.
Следува посета на Отранто со Castello Aragonese – средновековна
тврдина, а потоа кратка прошетка во Галиполи. Пристигнување и
сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 11.05.2026 (понеделник)
Појадок. Поаѓање кон Taranto со разглед на Castello Aragonese –
средновековна тврдина, Taranto Cathedral – катедрала, Ponte Girevole –
ротационен мост, Lungomare – шеталиште покрај морето, Rotonda и
Borgo Antico – стар град. Потоа продолжуваме кон Матера со посета на
Sassi di Matera – древни пештерски населби издлабени во карпи,
катедралата Matera и црквите издлабени во карпи. Следува посета на
Алтамура со Piazza Duomo – главниот плоштад и катедралата на градот.
Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден – 12.05.2026 (вторник)
Појадок. Поаѓање за Барлета со посета на главната катедрала,
Santa Maria Maggiore – историска црква, Basilica di Santa Sepolcro
и Svevo Barletta Castle – средновековна тврдина. Потоа следува
посета на Трани со Trani Castle – средновековна тврдина и Basilica
di San Nicola Pellegrino. Патувањето завршува со разглед на Бари,
каде се посетуваат San Sabino – катедрала, Basilica di San Nicola –
позната црква посветена на Св. Никола, Castello Normanno-Svevo
– средновековна тврдина, и Piazza Mercantile – историски
плоштад. Трансфер до аеродром, полетување во 22:40 ч. и
пристигнување во Скопје во 23:50 ч.

Во цената се вклучени следниве услуги:
 Авио билет на релација Скопје - Бари - Скопје со Wizzair
 Аеродромски такси
 Бесплатен рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
 3 ноќевања со појадок според програмата.
 Расположливост за еднокреветна соба е на барање.
 Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
 Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус и
пратител
 Претставник на македонски јазик
 Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за
целиот престој

Во цената не се вклучени следниве услуги:
 Патничко осигурување
 Индивидуални трошоци
 Влез во туристичките знаменитости и музеи
 Факултативни излети
 Останати трошоци кои не се спомнати
 Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за
водичот

Важна напомена:
1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и
пристигнување.
2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но
доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга
причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот
има законски ограничено работно време.
3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје
на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како
оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.

Општи услови:
 Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
 За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
 Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
 За резервација задолжителна уплата од 100%
 Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
 Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
 Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 150 €
 Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
 Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
 За овој аранжман важат општите услови на патување 
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија