СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - КРСТАРЕЊА 2026 - КРСТАРЕЊЕ 7 НОЌИ - ГРЧКИ ОСТРОВИ

КРСТАРЕЊЕ 7 НОЌИ - ГРЧКИ ОСТРОВИ

АТИНА - КУШАДАСИ - РОДОС - КРИТ (АГИОС НИКОЛАОС) - САНТОРИНИ - МИКОНОС - МИЛОС - АТИНА

restaurant
ПОЛН ПАНСИОН
wine_bar
БЕЗАЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ
directions_boat
7 НОЌЕВАЊА НА БРОДОТ КРУЗЕР CELESTYAL JOURNEY
wifi
ИНТЕРНЕТ НА БРОДОТ
hiking
ЕКСКУРЗИЈА И ПРОШЕТКИ
person
ПРЕТСТАВНИК ОД КРИ-ТУРС
ТИПОВИ НА КАБИНА
ВНАТРЕШНА БЕЗ ПРОЗОР cabin imageВНАТРЕШНА БЕЗ ПРОЗОР
НАДВОРЕШНА СО ОКНО cabin imageНАДВОРЕШНА СО ОКНО
НАДВОРЕШНА СО ПРОЗОР cabin imageНАДВОРЕШНА СО ПРОЗОР
НАДВОРЕШНА СО ПРОЗОР (ПОВИСОКА КАТЕГОРИЈА) cabin imageНАДВОРЕШНА СО ПРОЗОР (ПОВИСОКА КАТЕГОРИЈА)

ДОСТАПНИ ТЕРМИНИ

Поаѓање
07.08.2026
Враќање
15.08.2026
Цена од
899.00€
Последни места!

Поаѓање
04.09.2026
Враќање
12.09.2026
Цена од
899.00€
Последни места!


ВКЛУЧЕНО

  • ✅ Сместување во внатрешна кабина ( за надворешна кабина со прозор се доплаќа)
  • ✅ 7 Ноќевања, 8 дена на бродот крузер Celestyal Journey
  • ✅ Пакет (појадок, ручек , вечера)
  • ✅ Безалкохолни пијалоци,газирани и негазирани пијалоци,сокови,филтер кафе, чај ,за време на оброците во вклучените ресторани на бродот.
  • ✅ Разглед на Атина со локален водич - (Вклучено во цена за патниците со организиран превоз)
  • ✅ Прошетка во стара чаршија Кушадаси со претставник од Кри-Турс
  • ✅ Прошетка во Родос со претставник од Кри-Турс
  • ✅ Прошетка во Крит (Агиос Николаос) со претставник од Кри-Турс
  • ✅ Прошетка во Фира - Санторини со претставник од Кри-Турс
  • ✅ Прошетка во Адамас - Милос со претставник од Кри-Турс
  • ✅ Пристанишни такси (289 €) вклучени во цената
  • ✅ Шатл за Миконос
  • ✅ Шатл за Санторини
  • ✅ Шатл за Милос
  • ✅ Дневни и ноќни активности, забавна програма, анимација, забавни програми , претстави , музички програми во барови , анимации (јога, танц, итн)
  • ✅ Користење на базен и џакузи( согласно временските услови) фитнес центар и сауна
  • ✅ Бесплатен основен Wi-Fi Основниот Wi-Fi овозможува основно пребарување, е-пошта и пораки. Социјалните медиуми и стримингот бараат надградба, достапна на бродот.
  • ✅ Претставник од Кри-Турс во текот на цело патување и крстарење

НЕ Е ВКЛУЧЕНО

  • ❌ Организиран автобуски превоз до Атина (Поаѓања од Скопје, Велес, Неготино, Битола) - 100€
  • ❌ Патничко осигурување
  • ❌ Факултативни екскурзии кои се организирани или надградени на лице место
  • ❌ Жичара за качување и слегување на Санторини (околу 10 евра по правец)
  • ❌ Услуги во салон за убавина и спа центар
  • ❌ Медицински услуги
  • ❌ Индивидуално користење на екскурзии ,кои бродот ги организира како факултативи со доплата
  • ❌ Влезници
  • ❌ Групни или индивидуални трансфери
  • ❌ Владина такса на островите: (Мај) – Миконос и Санторини 12 еур/лице, останати пристаништа 3 еур/лице || (Јуни - Септември)– Миконос и Санторини 20 еур/лице, останати пристаништа 5 еур/лице.

ПЛАН И ПРОГРАМА

1 Ден - (петок) - Состанок на група и поаѓање за Атина

Состанок на групата во вечерните часови во Битола, попатни трансфери од Скопје, Неготино, и поаѓање за Атина, преку граничен премин Богородица - Гевгелија
2 Ден (сабота) - Качување на крузер во Атина

Пристигнување во пристаништето на Атина во утринските часови, чекирање на крузерот, сместување, и можете да започнете со истражување  и  уживање на  крузерот, храна, забави ...Во 17:00ч. крузерот  го напушта пристаништето на Атина, ја започнува својата пловидба и се упатува кон Кушадаси…
3 Ден - (недела) - Кушадаси (Турција)

Пристигнување во Кушадаси (Турција) во 08:00ч.

 Испловување за Родос во
18:00ч.
4 Ден - (понеделник) - Родос (Грција)

Пристигнување на Родос (Грција) во 08:00ч.

Испловување за Агиос Николаос (Крит) во 18:00ч.
5 Ден - (вторник) - Крит - Агиос Николаос (Грција)

Пристигнување на Агиос Николаос (Крит) во 08:00ч.


Испловување за Санторини во 20:00ч.

6 Ден - (среда) - Санторини (Грција)

Пристигнување на Санторини во 08:00ч

Испловување за Миконос во 22:00ч.
7 Ден - (четврток) - Миконос (Грција)

Пристигнување на Миконос во 08:00ч.

Испловување за Милос во 02:00ч.
8 Ден - (петок) - Милос (Грција)

Пристигнување на Милос во 08:00ч

Испловување за Атина во 18:00ч.
9 Ден - (сабота) - Атина (Грција)

Крузерот не враќа во пристаништето на Атина, од каде што го започнавме нашето крстарење.Слегуваме од бродот, но нашата приказна сеуште трае, продолжува, во Атина, градот  именуван по  божицата Атена, славна и безвременска, каде што античките урнатини се среќаваат со просперитетна метропола, од  иконскиот Акропол кој величествено гледа на градот до раздвижените таверни кои нудат  деликатеси, Атина плете волшебна таписерија од историја, кујна, уметност и ноќен живот што сигурно ќе ги зароби сетилата ...

Разглед панорамски на Атина со локален водич.(Разгледот е вклучен во цената за патниците со организиран превоз). Околу 13:30 ч. поаѓање за Македонија, попатни паузи...Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ОВА ПАТУВАЊЕ Е СО СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА !

Контактирајте не и за други промотивни термини во мај и јуни (можност за резервации со сопствен превоз, или организирана група со превоз и претставник на други термини)

Брод крузер – CELESTYAL JOURNEY 

Крузерот има капацитет од 1260 патници, 500 лица посада, 12 ката, на кои има 8 ресторани, 8 барови, 2 базени, 2 џакузи, спа, теретана, дискотека, театар, казино, тениско и кошаркарско игралиште.

Сите кабини се опремени со клима уред, туш, WC, ТВ, телефон, сеф и фен за коса.


УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : За резервација потребна е уплата од 50% од вкупната сума, остатокот треба да биде доплатен најдоцна до 31 ден пред поаѓање.


ОТКАЗЕН РОК :
 

  • Од 90 до 60 дена пред патувањето, се задржува од страна на агенцијата 35% од вкупната цена,
  • Од 59 до 30 дена пред патувањето, се задржува од страна на агенцијата 50% од вкупната цена,
  •  Од 29 дена до почетокот на патувањето се задржува 100% од вкупната цена.

КРИ-ТУРС има ексклузивно право на овај програм, забрането копирање и присвојување на програмата !

НАПОМЕНА : За ова патување пасошот мора да биде биометриски и да биде валиден уште минимум 6 месеци од денот на враќање !

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија