Лего Ланд
Минхен – градот на баварската традиција, модерниот дух и семејната авантура.
Мај е прекрасно време за откривање на Минхен – месец кога пролетта е во полн сјај, парковите се зелени и живи, а градот зрачи со енергија и свежина. Деновите се подолги, времето е пријатно, а атмосферата е совршена и за разгледување и за забава. Ова е период кога Минхен го покажува своето најтопло и најразиграно лице.
Прошетајте низ центарот на Munich, уживајте на плоштадот Мариенплац, откријте ги шармантните улички и традиционалните баварски пивници, или релаксирајте се во зеленилото на огромниот Англиски парк. Мај е идеален за семејни прошетки, кафе на сонце и вистинско доживување на германската пролет, без летните гужви.
За семејствата, вистинската ѕвезда на патувањето е LEGOLAND. Во мај, временските услови се совршени за целодневна авантура меѓу шарените LEGO светови, интерактивните атракции и забавните зони за сите возрасти. Насмевките се загарантирани, а магијата од коцките оживува на секој чекор.
Минхен во мај не е само градска прошетка – тоа е комбинација од традиција, природа и детска фантазија. Доживејте ја баварската пролет низ игра, смеа и незаборавни моменти.
| Датум: | 22.05 – 25.05.2026 |
| Цена: | - 499€ за возрасно лице
- 459€ цена за дете од 2 – 11.99 години
- 80€ цена за дете до 2 години
|
| Во цената е вклучено: | - Авионска карта Скопје – Меминген – Скопје
- Аеродромски такси
- Рачен багаж 40x30x20 cm
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- 3 ноќевања со појадок во хотел B&B Hotel München‑Schwabing 3* во Минхен
- Организирани посети на BMW Museum и Allianz Arena
- Професионален придружник од Македонија
|
| Во цената не е вклучено: | - Туристичка такса – по лице, по ноќ.
- Факултативни екскурзии и влезници
- Патничко осигурување
- Локален превоз: билети за метро или автобус
- Трансфер до ЛегоЛанд
|
| |