Вила Ангелос

Калитеа е вистинското срце на туристичкиот живот на Касандра. Позната по своите модерни плажни клубови, убави плажи и жив ноќен живот, таа е совршена дестинација за оние што сакаат активен и динамичен одмор. Плажата е песочна, со тиркизна вода и природна сенка од околните борови, создавајќи пријатен амбиент за целодневно уживање. Околу централното шеталиште се наоѓаат продавници, бутици и маркетите за секојдневни потреби, а бројните кафулиња и ресторани нудат вкусна храна и освежителни пијалоци. Околните заливчиња и скриени плажи нудат можност за романтични прошетки и мирни моменти за релаксација, далеку од гужвата.

Локација: Вила Ангелос се наоѓа на околу 10 минути пеш од песочната плажа, во самиот центар на Калитеа. (скромно сместување последен пат реновирано)

Сместување: Високо приземје и прв катдвокреветни студија/апартмани, четирикреветни дуплекс апартмани.

  • Студио 1/2– два единечни кревети, мал фрижидер,мала кујна, бања, ТВ, тераса.
  • Апартман 1/2– два единечни креветиодвоена опремена кујна, бања, ТВ, тераса.
  • Апартман дуплекс 1/4- четири единечни кревети (по 2 во посебни соби), одделена опремена кујна, бања, ТВ, тераса.
  • Клима уредот е вклучен во цената.
  • Пешкири и хигиенски средства нема во сместувачките капацитети.
  • Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).   
  • Водата НЕ се пие.
  • Вилата нема сопствен паркинг.
  • Лидл на околу 2км, а Супермаркет Масутис на околу 500метри од вилата.

ЦЕНОВНИК  ЗА 7 НОЌИ

ПериодБр.на ноќи1/2 студио1/2 апартман1/4 дуплекс апартман
24.05-31.057109 149 €219 
31.05-07.067139 €189 €259 
07.06-14.067169 €229 €299 
14.06-21.067209 €269 €379 
21.06-28.067239 309 429 
28.06-05.077309 359 479 
05.07-12.077329 399 519
12.07-19.077389 459 589 
19.07-26.077459 5264
26.07-02.087459 5264
02.08-09.087459 5264
09.08-16.087459 5264
16.08-23.087459 5264
23.08-30.087419 €489 €599 
30.08-06.097369 €439 €539 
06.09-13.097289 359 469 
13.09-20.097199 269 359 
20.09-27.097129 199 269 

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО или АПП за 7 НОЌИ.

Задожолжителна доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во Агенција)

Локација

Кликнете на сликата за локација на вилата на Google Maps.

Превозот се доплаќа

 Повратен превозЕден правец
Возрасен 50€40€
Деца од 02-12 год.40€30€
Деца до 2 год.Бесплатно (без седиште)Бесплатно (без седиште)
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 € по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

НАПОМЕНА

  • Во апартманите и студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
  • Сместувањето во апартманите и студијата е во 14:00 (по локално време);
  • Напуштање на апартманите и студијата е во 09:00 (по локално време);
  • Секоја направена штета се плаќа на лице место;
  • Водата во апартманите не е за пиење;
  • За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите.
  • Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени.
  • Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 7% попуст, на вториот аранжман.
  • За уплата на аранжман преку Синдикатите со кои имаме склучено договор плаќањето е на 9 рати.
  • За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка.
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Цените се изразени во EUR во денарска противвредност  1€ = 62,оо ден.

                                                                      ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде е склучен Договорот за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.

Важат општите услови за патувањe на Т.А СУПЕР ТРАВЕЛ и СКТМ!

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија