СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ПАТУВАЊА 2026 - MAJ 2026 - АВИОНСКИ ПРОГРАМИ - ВАЛЕНСИЈА и МАДРИД Авион / 6 дена/ 5 ноќевања 22.05.2026

ВАЛЕНСИЈА и МАДРИД Авион / 6 дена/ 5 ноќевања 22.05.2026

ВАЛЕНСИЈА и МАДРИД

 

Авион / 6 дена/ 5 ноќевања

22.05 Петок           СКОПЈЕ – Tирана - ВАЛЕНСИЈА

Состанок на групата на улица Македонија (хотел Бристол) во 12.00 часот, поаѓање за аеродрмот во Тирана. Полетување за Валенсија во 19.00 часот и пристигнување во 22.00 часот. Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.

 

23.05 Сабота          ВАЛЕНСИЈА

Појадок. Разглед на Валенсија, град на море, богат со уметност, модерна архитектура и древно старо градско јадро. Совршен град за прошетки, храна и фотографии, а најважните обележја се стариот град, паркот Туриа, Град на науката и уметноста и плажата. Градот на уметноста и науката (Ciudad de las Artes y las Ciencias), најпознатата зона во Валенсија, со модерна архитектура од Сантјаго Калатрава, тука се Oceanogràfic (најголемиот аквариум во Европа), Hemisfèric, Музејот на науката. Историскиот центар (Ciutat Vella), ја чинат Катедрала за која се тврди дека го чува „Светиот Грал и  кулата El Miguelete за прекрасен поглед. Plaza de la Virge, еден од најубавите плоштади во градот. La Lonja de la Seda (Силк Екченџ), готската зграда со огромна сала која е симбол на трговијата на Валенсија и под заштита на UNESCO.  Mercado Central, голема модернистичка пазарна хала, идеалноместо за дегустација на свежи производи. Парк Туриа (Jardín del Turia), голем парк, совршен е за пешачење. Плажите на Валенсија (La Malvarrosa, Las Arenas) кои се широки, чисти и одлични за уживање или вечера покрај море.. Марина Реал и пристаништето, шеталиште со ресторани, модерни згради и јахти. Слободно попладне. Ноќевање.

 

24.05 Недела          ВАЛЕНСИЈА – ТОЛЕДО - МАДРИД

Појадок. Патување за Мадрид со посета на Толедо, разглед на главните знаменитости во Толедоградот-музеј познат како „Град на трите култури“ (христијани, муслимани и Евреи) и е под заштита на УНЕСКО. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо, најубавата точка од која целиот Толедо изгледа како разгледница. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Мост Алкантара, импресивен средновековен мост, историскиот влез во Толедо, место за одлични фотографии. Катедрала Примада (Catedral de Santa María de Toledo), вклучена влезница со водич, една од најимпресивните готски катедрали во Европа, а внатре се делата на Ел Греко, Гоја и Ван Дајк, раскошна сакристрија. Препорачуваме индивидуално да се посети црквата Св. Томас позната по своите ремек дела на големиот уметник Ел Греко. Слободно време за ручек. Поаѓање за Мадрид во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно вечер за запознавање на градот. Ноќевање

 

25.05 Понеделник           МАДРИД

Појадок. Пешачки разглед на градот со локален водич на централното јадро на Мадрид и неговите главни знаменитости. Центар на Мадрид најчесто се смета за областа околу Пуерта дел Сол, Пласа Мајор, Кралската палата и Гран Виа. Тоа е најживиот дел од градот – мешавина од историја, култура, архитектура и модерни урбани содржини. Пуерта дел Сол, тука се наоѓа „Километарот 0“, позната по статуата на мечката и дрвото. Плаза Мајор, голем историски плоштад опкружен со аркади, некогаш место за пазари и фестивали, а денес полн со кафулиња и уметнички штандови,  ви препорачуваме тука да испиете едно кафе и да пробате „чурос“ со чоколадо. Кралска палата е најголемата кралска палата во Западна Европа, со импресивни дворови, градини и раскошни сали, вклучена влезница со локалниот водич. Гран Виа, главната авенија или ште позната како мадридски „Бродвеј“, богата со театри, музички претстави, шопинг, историски згради. Триаголникот на уметноста, областа со најважните музеи: Прадо со класична европска уметност, Реина Софија сo модерна уметност, Тисен-Борнемиса со уметност од средновековие до модерна.  Парк Ретиро, големиот градски парк со езеро, стаклена палата и многу уметнички активности, одлично место за прошетка и одмор. Слободно попладне. Препорачуваме да се посетат, Катедралата Алмудена, мешавина од неокласична и неоготска архитектура со одличен поглед од покривот, Чквартовите Чуека и Маласања, модерни, артистички квартови во центарот, познати по барови, ресторанчиња каде можете да направите пауза за ручек и да пробате тапаси, паела или мадридска кујна. Во вечерните часови препорачуваме да се посети Темпло де Дебод, египетскиот храм сместен во парк и едно од најубавите места за зајдисонце во Мадрид. Ноќевање.

 

26.05 Вторник                 МАДРИД – Сеговија

Појадок. Факултативна посета на Сговија, главните карактеристики на градот се добро зачуваниот римски аквадукт, катедралата и замокот, за кои Сеговија е вклучена на листата на светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Разглед на стариот дел на градот: Пласа Мајор, панорама на Соборниот храм, плоштадот Св. Мартина, благороднички кварт со палати и цркви. Посета на замокот Алказар, изграден е како арапска тврдина во 12 век. Неговата уникатна форма како лак на брод, го прави овој замок еден од најкарактеристичните во светот. Во Средниот век Алказар бил главен дел од одбраната на земјата. Најверојатно, со својата убавина и уникатност, Алказар претставува инспирација за замоците на Волт Дизни. Враќање во Мадрид во попладневните часови. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок сангрија. Ноќевање.

 

27.05 Среда  МАДРИД – СКОПЈЕ

Појадок. Препорачуваме денот да го посветите на кралскиот Мадрид, на уметноста, можност да се посети музејот Реина Софиа, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Герника” како и музејот Прадо кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило... За љубителите на фудбалот препорачуваме да се посети и стадионот „Сантиаго Бернабеу“,  на кој настапува славниот фудбалски клуб „Реал Мадрид“. Трансфер од хотел (18.00 часот) до аеродром. Полетување за Скопје во 21.25часот и пристигнување во 00:50часот.

 

 

Цена за рана уплата до 28.02   879 евра ( 54.500 денари)

 

Цена на аранжманот                  899 евра ( 55.740 денари)

 

 

Цената вклучува:                                                                               

-          Авионски превоз на релацијата Тирана Валенсија X  Скопје – Мадрид  

-          Рачен багаж - 1 торба со димензии 40х30х20см со максимална тежина до 10кг

-          Трансфер Скопје Тирана

-          Организиран трансфер Аеродром Валенсија до хотел и хотел Мадрид до ародром

-          Сместување во Hotel Port Azafata Valencia 3* на база 2 ноќевања со појадок во Валенсија

-          Сместување во HOTEL EXE PLAZA 4* на база 3 ноќевања со појадок во Мадрид и

-          Разглед на  Мадрид со локален водич и влезница за Кралската палата

-          Посета на Толедо со локален водич и влезница за Катедралата

-          Трансфер со автобус од Мадрид со Валенција

-          Разглед на Валенсија

-          Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија