СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 1 MAJ - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ 🚌 - Бурса – Ескишехир(Турска Венеција)-СОПСТВЕНА ПРОГРАМА

Бурса – Ескишехир(Турска Венеција)-СОПСТВЕНА ПРОГРАМА

Бурса – Ескишехир(Турска Венеција)



Патување низ вековите: Од Отоманскиот сјај до Турската Венеција

Подгответе се за патување кое не е само географска дестинација, туку премин низ времето. Оваа програма ве води во срцето на Анадолија, каде што се среќаваат првиот главен град на големата Империја и најмодерниот, „најверопски“ град на денешна Турција.

Бурса: Зелената лулка на историјата

Вашата авантура започнува во Бурса, градот кој дише со спокојот на планината Улудаг и вековната мудрост на Отоманците. Позната како „Зелената Бурса“, таа ќе ве маѓепса со своите тиркизни џамии, автентични свилени пазари во Коза Хан и мирисот на автентичниот Искендер кебап. Тука, меѓу платаните стари со стотици години, ќе го почувствувате духот на султаните и грандиозноста на Улу Џамија, додека модерниот дух на градот дискретно пулсира низ тесните калдрми на старата чаршија.

Ескишехир: Градот на соништата и каналите

Патувањето продолжува кон Ескишехир – градот кој ќе ги сруши сите ваши предрасуди за Анадолија. Иако неговото име значи „Стар град“, тој е најживописната и најмладата метропола во регионот. Познат како „Турската Венеција“, Ескишехир ќе ве пречека со романтични гондоли кои пловат по реката Порсук, бајковити замоци во паркот Сазова и шарените куќи на историскиот кварт Одунпазари, кои изгледаат како излезени од сликовница.




1 ден 30.04.2026(Четврток) Скопје, Велес Кавадарци,Неготино,-Бурса

Тргнување на групата во 15.00 часот. Патувањето се одвива преку Грција со нoќно возење и царински формалности.


2 ден 01.05.2026(Петок) Бурса

Пристигнување во Бурса во утринските часови..

*Панорамски разглед на Бурса и првиот главен град на Отоманската империја. Посета на Зелената џамија која е изградена во 15 век. Карактеристична е нејзината внатрешност која е украсена со зелен мермер .Во склоп на џамијата е и гробницата на Султан Мехмед и Ѓелеби заедно со семејството. Во близина се наoѓа и мостот Ирганди. Се тврди дека мостот е еден од четирите мостови во светот кои имаат продавници. Разглед на градот – познатата Ули Џамиja со дваесет блескави мали куполи и извонредна фонтана во внатрешноста. Паркот Топхане своето име го носи по историските топови во овој парк. Во минатото, овие топови беа експлодирани за да се информираат за време на ифтар и сахур за време на Рамазан. Во паркот Топхане се наоѓаат Саат кулата, гробниците Осман Гази и Орхан Гази како и историските топови. Посета на Коза Хан - „познатиот пат на свилата“, кој е единствен со своите безброј продавници со свилени марами - вистинско уметничко дело. Слободно време за шолја миризлив турски чај.Можност за ручек во типичен локален ресторан со познатиот специјалитет на Бурса - Искендер ќебап .

Слободно активности . Ноќевање.


03 ден 02.05.2023(Сабота) Бурса - Ескишехир - Бурса

Појадок.Поаѓање и пристигнување во Ескишехир – познат и како „турска Венеција“, родното место на Насрадин Хоџа. Денес тој е модерен и просперитетен град и четврти по големина универзитетски центар во светот со речиси 2 милиони студенти.Разгледување на Ескишехир - етнографскиот комплекс „Одунпазар“ Куршунлу џамија, Кент Парк со вештачка плажаСлободно време за возење со гондола/ брод по вештачки ископаните канали на реката Порсук, слично на Венеција (навечер мостовите над каналите светат во различни бои).

Факултативна екскурзијаПолудневна екскурзија до паркот Сaзова каде што е импресивниот замок од бајките, кој потсетува на Дизниленд. Aзиската минијатура со 32 модели , нај новата зоолошка градина „Ескишехир“ со 234 животни, изградена во 2017 година - на територијата на зоолошката градина има Тропски истражувачки центар, јапонска градина, куќа на папагали и др.Враќање во Бурса. Ноќевање.


04 ден 03.05.2023 (Недела) Бурса – Кавадарци

Појадок. Напуштање на хотелот .Можност за слободно време за уживање во Бурса и шопинг во многубројните продавници или посета на познатото село Чумаликизик .Чумаликизик е најстарото и најавтентичното село во Турција заштитено е од УНЕСКО и во истото сеуште се запазени традиционалиниот муслимански начин на живеење Село во кое се снимени многу турски серии Поситителите ќе имаат можност да прошетат по тесните сокаци на селото да уживаат во шарените бои на куќите, малите продавнички како и рестораните со традиционална храна .Потоа групата се упатуваме кон Македонија


05 ден 04.05.2023 (Понеделник)

Пристигнување во Македонија во попладневните часови.


Цена на аражманот :


159 евра(9,860 ден) промо цена до 15.02.2023


175 евра(10,850ден)Редовна цена на аранжманот:



ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје –Кавадарци -Бурса – Скопје;

Сместување во хотел3* - 2 Ноќевања со појадок;

Посета на Ули Џамија;

Посета на Зелена Џамија;

Паркот Топхане

Козан Хан;

Професионален туристички пратител на групата;

Професионален локален туристички водич.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Панорамски разглед на Бурса и локален водич – 15 евра (задолжително);

Целодневен излет до Ескишехир (автобус +локален водич) +(влез во Паркот Сазова со зоолошка градина,аквариум и јапонска градина) 40 евра ;(миниум 35 патници)

Посета на селото Чумаликизик 5 евра ;

Доплата за еднокреветна соба 2.400.ден;

Патничко здраствено осигурување 200 ден.

НАПОМЕНА:

За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица

Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари

Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање,во случај на недоволен бој на патници.

Пасошот треба да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќање.

Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.

Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите

За ова патувањеважат општите услови на Т.А. Супер Травел

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија