СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА 2026 - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ - БУДИМПЕШТА- ВИЕНА Сопствена програма

БУДИМПЕШТА- ВИЕНА Сопствена програма

Будимпешта – Виена

 СОПСТВЕНА ПРОГРАМА

Прв ден: 09.04.2026 (четврток) Кавадарци Будимпешта

Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.


Втор ден: 10.04.2026 (петок) Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел. Можност за факултативно крстарење со брод по Дунав. Ноќевање.


Трет ден: 11.04.2026 (сабота) Будимпешта - Виена

Појадок. По појадокот факултативен целодневен излет до Виена. Разгледување на градот со локален водич , Плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Виенската опера, катедралата Св. Стефан, дворците Белведере и Шенбрун. Слободно време во центарот на Виена. Враќање во Будимпешта.  Ноќевање.


Четврти ден: 12.04.2026 (недела ) Будимешта-Македонија

Појадок.Одјава од хотел.Факултативно заминување кон Сент Андреа разглед на знаменитости, слободно време . Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.


Петти ден: 13.04.2026 (понеделник )

Пристигнување во Кавадарци во утринските часови.



Промо цена - 149 евра (9.240ден.) со задолжителен пакет факулатитиви 85 евра


Редовна цена – 179евра (11.098 ден.)


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус,

  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Будимпешта,

  • Организација на аранжманот,

  • Лиценциран туристички придружник.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителен разглед на Будимпешта и Сент Андреа со локален водич 30€;

  • Задолжително патничко осигурување 250 денари;

  • Туристичка такса 5€ по лице (доплата во агенција);

  • Крстарење по Дунав 25€;

  • Целодневен излет до Виена и разглед на градот со локален водич 40€;

  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости.



НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

- За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање.

- Трето возрасно лице на дополнителен кревет плаќа полна сума на аранжманот

- Доплата за бирање на седиште во автобус 10€ по лице (за минимум 2 лица)

- Минималниот број за реализација на факултативите е 30 патници. 

- Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 10 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра.

- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.

- Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.

- За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Т.A. СУПЕР ТРАВЕЛ

- Организаторот има право за отказ на патувањето до 7 дена пред патувањето во случај на недоволен број на пријавени.


Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија