СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ПАТУВАЊА 2026 - MAJ 2026 - АВИОНСКИ ПРОГРАМИ - Неапол,Соренто и Капри за 24-ти Мај

Неапол,Соренто и Капри за 24-ти Мај

Неапол, Соренто и островот Капри претставуваат едно од најмагичните патувања во Италија — спој на историја, медитеранска убавина и вистински италијански шарм. Неапол, живописен и енергичен град под Везув, е дом на светски познатата пица и богато културно наследство. Соренто плени со своите панорами кон морето, мирисот на лимони и романтичната атмосфера на тесните улички. А Капри — бисерот на Тиренското Море — воодушевува со тиркизните води, карпестите пејсажи и гламурозниот дух. Оваа комбинација нуди совршено искуство за љубителите на природа, гастрономија и италијански стил на живот. ✨

Искористете го овој празничен викенд и истражете ги убавините на оваа прекрасна земја, со еден збор – дозволете си себеси накратко да го впиете италијанскиот дух и начин на живот.

Цена по лице  479 EUR

Што е вклучено во цената

  • 3 ноќевања во хотел со појадок
  • Авионски билет Скопје – Неапол – Скопје
  • Посета на Помпеја и Соренто (превоз и придружник од агенција)
  • Разглед на Неапол со Локален Водич
  • Трансфер од Аеродром – Хотел – Аеродром
  • Превоз до наведените релации
  • Лиценциран придружник за време на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса (се плаќа на рецепција)
  • Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
  • Багаж над 10 КГ – информации во агенција
  • Факултативен излет на Капри (повратен билет и придружник од агенција) – 70 евра (пријавување и плаќање во агенција)
  • ПРВ ДЕН (22.05.2026) ПЕТОК

    Собир на Скопскиот аеродром во 14:30 часот.
    Полетуваме за Неапол во 16:30.
    Пристигнување и трансфер до хотелот во Неапол.
    По сместувањето, слободно време за кратка прошетка во околината на хотелот.
    Ноќевање.

  • ВТОР ДЕН (23.05.2026) САБОТА

    По појадокот, се упатуваме на целодневен излет, каде ќе ги посетиме Помпеја – познатиот антички град кој е неверојатно зачуван и како да е застанат во времето.
    По обиколката на Помпеја, се упатуваме кон Соренто, еден од градовите кој е познат по своето крајбрежје, излетнички центар на Неапол, и секако, домаќин на многубројни странски туристи во летниот период.
    Враќање кон хотел во договорено време.
    Ноќевање.

  • ТРЕТ ДЕН (24.05.2026) НЕДЕЛА

    По појадокот во хотел групата се упатува на целодневен факултативен излет на монденскиот остров Капри. Островот каде се среќаваат екстравагантноста и едноставноста, островот каде времето е застанато, и уживањето е најважно.
    Слободно време за прошетка и истражување на преубавиот остров.
    Во договорено време се упатуваме назад кон Неапол.
    Слободно време за индивидуални активности.
    Ноќевање.

  • ЧЕТВРТИ ДЕН (25.05.2026) ПОНЕДЕЛНИК

    По појадокот, се упатуваме кон центарот на Неапол, каде го започнуваме разгледот со локалниот водич. Ги посетуваме најпознатите места во стариот град на Неапол.
    По разгледот, слободно време за прошетка и истражување на истоските места и гастрономските уживања кои ги има во изобилие.
    Враќање кон хотел во договорено време и трансфер до аеродром.
    Полетување за Скопје во 18:45.

  • Важно

    • За реализација на овој аранжман се потребни минимум 18 патници.
    • Дете под 12 год плаќа 389 евра.
    • Сингл соба се доплаќа 120 евра
    • Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
    • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
    • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
    • Селекција на седиште во авион – Истото се доплаќа

    Факултативен излет на Капри (пријава и плаќање во агенција при резервација)

    Цена за пакет: 70 €

    Италијанскиот остров Капри се наоѓа во Тиранското море и во својата историја е познат како магнет за уметниците, глумците, писателите и сите естети. Бил омилен остров на Џеки Оназис, но и на многу други ѕвезди кои уживале да го поминат одморот на овој елегантен остров.

    Големината на островот е достапна за одење пеш, но може да користите и такси или автобус кој е прилично евтин, па затоа и преполн. Дивата страна на Капри се наоѓа на крајбрежјето, каде се смесетни малите, изолирани плажи кои нудат приватност.

    Во центарот на средновековниот град се наоѓа Пиацета, наречена „мал светски театар“. Секако треба да се искористи оваа „сцена“ за уживање, особено во попладневните часови во периодот на „аперитиво“. Од плоштадот на улицата Трагара пак, ќе стигнете до Белведере ди Трагара од каде се пружа величестве поглед на трите импресивни карпи во морето кои се симбол на Капри, наречени Фараљони.

    Освен релаксирачки престој, морски авантури, фантастична храна и спектакуларен поглед, Капри може да се доживее и преку архитектурата на градот. Изборот на хотели е голем, од оние најлускузните до традиционалните пансиони кои се препознатливи по ретро стилот.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија