Вила Порто Фино, Никиана, Лефкада
Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја…Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен.
Зошто ја одбравме за Вас Вила Порто Фино во местенцето Никиана на Лефкада?!
– одличен квалитет со 3 креветни студија идеални за фамилии ( со можност да се стави екстра кревет каде има место)
– приватна плажа во непосредна близина на само 20м без гужви и галама
– иделана позиција на островот со еднаква оддалеченост од Нидри и главниот град Лефкас
– прекрасен простран двор за одмор и забава покрај зидана скара која е на располагање на гоститеНикиана е мало рибарско место кое се наоѓа измеѓу главниот град Лефкас и Нидри. Ова место има идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, исто така близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави. Поради прекрасната околина богата со вегетација и преполна со маслинови дрва Никиана стана една од омилените дестинации на Лефкада за сите оние кои сакаат релаксација и ослободување од стрес. Во Никиана има три различни поголеми песочни плажи и неколку мали романтични плаж на кои можете да уживате под природни сенки, исто така местото има автобуска постојка која Ви дава можност да ги посетите преубавите плажи и градови на Лефкада со автобус. Во Никиана можете да уживате во таверни кои служат прекрасна морска храна, кафе барови и супермаркети распоредени на главната улица и покрај плажата.
Вила Порто Фино А кат. – Никиана, сe наоѓа на главниот пат одалечена само 30 тина метри од најблиската песочна плажа. Во близина на вилата има пекара, супермаркет и неколку таверни. Вилата располага со 12 комплетно реновирани студија за 3-4 лица кои имаат 1 брачен кревет и еден единечен кревет. Сите студија се опремени со кујна, клима (со доплата 5 еур/ден), телевизор и тераса со делумен поглед кон море, исто така вилата има и голем двор со тревна површина каде има скара и фурна кои гостите можат да ги користат.
Координати: 38.75555497808294, 20.719592557129662 https://goo.gl/maps/WnJnAJzYdw9maZt47
| Лефкада- островот со најубави бои |
| Попусти за рана уплата : -15% до 28/02/2026 -10% до 30/03/2026 |
| За запазување на попуст е потребна уплата 30%, а остатокот 14 дена пред термин. |
| Вила Порто Фино Б кат – Никиана | 1/2 студио | 1/3 студио | напомена |
| Термин/Услуга | 7 наем | 7 наем | 7 наем |
| 27.05.-03.06.2026 | 149 | 169 | промо |
| 03.06.-10.06.2026 | 169 | 189 | промо |
| 10.06.-17.06.2026 | 189 | 229 | промо |
| 17.06.-24.06.2026 | 339 | 349 | |
| 24.06.-01.07.2026 | 429 | 439 | |
| 01.07.-08.07.2026 | 539 | 549 | |
| 08.07.-15.07.2026 | 559 | 569 | |
| 15.07.-22.07.2026 | 569 | 589 | |
| 22.07-29.07.2026 | 569 | 589 | |
| 29.07-05.08.2026 | 569 | 589 | |
| 05.08.-12.08.2026 | 569 | 589 | |
| 12.08-19.08.2026 | 569 | 589 | |
| 19.08-26.08.2026 | 509 | 529 | |
| 26.08.-03.09.2026 | 449 | 469 | |
| 02.09.-09.09.2026 | 379 | 399 | |
| 09.09.-16.09.2026 | 269 | 289 | промо |
| 16.09.-23.09.2026 | 199 | 219 | промо |
| 23.09-30.09.2026 | 129 | 149 | промо |
| Цените се дадени за наем на студио 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД |
| Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио (број на кревети) |
| освен 1 дете до 7 години во кревет со родител. |
| Доплата за клима 5 еур на ден. |
| Автобуски превоз 60 Еур возрасни Битола. |
| Доплата за превоз 10 Еур: Струга,Oхрид, Ресен, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп. |
| Деца од 2 до 11,99 год: Попуст – 10 Евра од редовната цена. |
| За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст. |
| Попустите не може да се комбинираат. |
| Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст. |
| Туристичката такса се плаќа на лице место. |
| Важат Општите услови за патување на НАТА. |
Време на поаѓање кон Грција:
01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
04:00 h Битола (Главна автобуска станица)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
Време на заминување од Грција:
Бус Лефкада-Врахос-Парга
(времињата се по ГР време)
Агиос Никитас 13.00 часот
Нидри 14.00 часот
Никиана 14.30 часот
Врахос 15.30 часот
Амудиа 16.00 часот
Парга 16.30 часот