СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ПАТУВАЊА 2026 - ФЕВРУАРИ 2026 - АВИОНСКИ ПРОГРАМИ - Милано и Комо 27.02.2026

Милано и Комо 27.02.2026

       Ден 1 Friday
ПРВ ДЕН (27.02.2026) Петок
Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 18:00. Летот Скопје-Милано е во 20:15. По слетувањето, следува трансфер од аеродромот Малпенса до хотелот. Сместување. Слободно време за прошетка во околината на хотелот. Ноќевање

Ден 2 Saturday
ВТОР ДЕН (28.02.2026) Сабота
По појадокот, со јавен превоз (метро или трамвај) се упатуваме кон центарот на Милано, каде нашиот локален водич ќе не пречека и ќе го започнеме разгледот. Милано, главниот град на регионот Ломбардија, градот на модата, финансискиот центар на северниот дел на Италија. Градот во кој се спојуваат минатото и сегашноста, градот кој ги има фасцинирано најголемите уметници низ историјата. Замокот Sforzesco, домот на фамилијата Sforza, едно од најмоќните фамилии низ историјата кои владееле со регионот Ломбардија. Во овој замок, Leonardo da Vinci ги поминал последните години од неговиот живот, каде што остварил неколку преубави уметнички дела, а едно од најпознатите е Последната Вечера. Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano се уште неколку познати места кои ќе ги посетиме и ќе уживаме во нивната убавина.
Ден 3 Sunday
ТРЕТ ДЕН (01.03.2026) Недела
По појадокот во хотел, се упатуваме на целодневна посета на Комо, градот кој е изграден токму до истоименото езеро, се движиме низ стариот град, кој е сместен во средновековните ѕидини кои го опколуваат од 3 страни, а четвртата е пристапот кон прекрасното езеро. Слободно време за индивидуални активности. Ние ви препорачуваме да направите едно крстарење на езерото, или посета на селото Брунате, кое се наоѓа на планината над градот и езерото, каде имате можност да уживате во погледот на градот и езерото. Во договорено време, се упатуваме назад кон Милано. Слободно време за индивидуални активности.
Ден 4 Monday
ЧЕТВРТИ ДЕН (02.03.2025) Понеделник
По појадокот во хотелот, ги напуштаме собите и багажот го оставаме во просторијата наменета за багаж во хотелот. Во договор со групата и придружникот се упатуваме кон централното подрачје на Милано, каде ќе имаме слободно време за индивидуални активности, шопинг, ручек, кафе, џелато, и секако уживање. Во договорено време се упатуваме назад кон хотелот. Трансфер до аеродромот Малпенса. Летот Милано – Скопје е во 23:00.


Поаѓање: 27.02.2026    Враќање: 02.03.2026

Промо цена: 319 евра, Регуларна цена: 379 евра

Што е вклучено во цената

3 ноќевања со појадок во хотел со 3*

Авионски билет Скопје-Милано-Скопје со WIZZ AIR

Рачен багаж до 8 килограми со димензии 40x30x20

Трансфер од аеродром до хотел и назад

Посета на Комо

Посета и разглед со локален водич на Милано

Лиценциран придружник

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување

Туристичка такса

Индивидуални трошоци (влезници за музеите, билети за јавен транспорт)

Важно

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 18 патници.

Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Доплата за еднокреветна соба 120 евра

Доплата за дете до 11.99 години – 299 евра

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Супер Травел

 

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија