Програма на
патување:
1.Ден 20.03.2026
(Петок) ГЕВГЕЛИЈА– БОГУТОВАЧКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 04.00 часот. Поаѓање за Србија во 04.15
часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце.Со кратки попатни
паузи за одмор предвидено е пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне и
сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на
услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 21.03.2026 (Сабота) БОГУТОВАЧКА БАЊА – МАНАСТИР ЖИЧА
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот
Жича.
Жича е
српски средновековен манастир од првата половина на 13. век. Се наоѓа во близина
на Краљево и припаѓа на Жичката епархија на СПЦ. Го подигнал тогашниот прв крал
на Србија од династијата Немањичи - Стефан Немања.Разглед на манастирот.
Враќање назад во хотелот. Ручек. Слободно време за
индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење набазен со
лековита вода,користење на рекреативниот базен,тепидариум, парно купатило.... Вечерa. Ноќевање.
3.Ден 22.03.2026 (Недела) БОГУТОВАЧКА БАЊА – ГЕВГЕЛИЈА
Појадок и напуштање
на собите .Кратко слободно време за
индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање
за Македонија во 12.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин
Табановце со кратки паузи за одмор . Пристигнување во Гевгелија во вечерните часови.
Редовна
цена на аранжманот – 8.100ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во Хотел Минерал 3* во двокреветни соби на база 2 ноќевања
– Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на
база шведска маса)
–– Користење на базен со лековита вода, тепидариум и парно купатило
– Користење на рекреативен базен со температура на водата до 28 степени
– Туристичка такса
– Организација и реализација со туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Патничко и здравствено осигурување
– факултативна посета на манастирот Жича
– 10€ (доплата на лице место)
Попусти и доплати:
– Дете до 4 год. во придружба на 2 возрасни (дели легло) бесплатно во
хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
– Дете 4-10 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља
на спуштање) плаќа 70€/ 4.340ден (на барање)
– Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
– Седиштенабарањеседоплатува 20 евраполице
– Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.790ден
Важни напомени:
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или
валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30%
доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.