ОСМИ МАРТ ВО ЗЛАТИБОР
06/03/2026
1 ден ГЕВГЕЛИЈА
- ЗЛАТИБОР
Состанок на групата во 21:00 часот. Поаѓање за Златибор во 21:30 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце.
Ноќно возење со попатни паузи за одмор.
07/03/2026
2 ден ЗЛАТИБОР – СИРОГОЈНО
Пристигнување во утринските часови воЗлатибор. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно.
Разгледување на единствениот Музеј под отворено небо каде има педесетина оригинални златиборски
куќи - брвнари во кои се изложени околу 2000 експонати, како и Музејот на плетачките и
продавниците за џемпери, по кои селото Сирогојно е познато во светот. Пауза за кафе и
закуска во еден од рестораните во Сирогојно. Враќање во Златибор. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
08/03/2026 3
ден ЗЛАТИБОР – ДРВЕНГРАД ( Етно Село на Емир Кустурица ) - ГЕВГЕЛИЈА
Појадок. Слободно време и
напуштање на собите околу 11ч поагаме во посета на Дрвенград, едно од
нјапознатите етно села во Србија изградено од ЕмирКустурица, за потребите на неговиот филм
„Животот е чудо“. Дрвенград полека прераснува во еден мал град, кое е
вистински музеј на отворено. Името го добил по дрвените куќарки кои сеи зградени од дрво, и
чија архитектура ви дава чувство дека се наоѓате во некој град од бајка. Во селото имате куќарка на уметност,
куќарка – слаткарница во која можете да уживате во домашно припремени слатка ,киносала,
ресторан, црква... Дрвенград е домаќин на интернационалниот филмски фестивал кој сеорганизира во селото секоја година. Идејата на Кустурица
е враќање кон природата и зближување со неа и
со традиционалните вредности кои полека се губат. Пауза за индивидулани прошетки..Попладне поагање за
Гевгелија со попатна пауза на Врњачка Бања.Пристигнување на 09/03/2026 во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:6100 денари
Во цената на аранжманот се
вклучени следните услуги:
➡️Превоз со туристички
автобус
➡️Едно ноќевања со
појадок во хотел „МИР“ 4**** во Златибор
➡️Користење на спа
центарот во хотелот
➡️Посета на етно селото
Дрвенград
➡️Посета на Врњачка Бања
➡️Организација на
аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето