СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА 2026 - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ - КАПАДОКИЈА СО АНКАРА И ИСТАНБУЛ

КАПАДОКИЈА СО АНКАРА И ИСТАНБУЛ

Ако постои бајка за магична земја од глина,веројатно ќе изгледа како Кападокија.Регионот е во централна Турција и е познат по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилиштa. Вулканските ерупции и ерозијата, десеттици милиони години ги создавале овие пејасажи, кои изгледаат како природата да си поиграла со магично стапче!

ПРОМОТИВНА ЦЕНА  – 209евра ( 12.960ден)

ЦЕНАТА ОД 209ЕВРА Е ПУШТЕНА НА ПРОМОЦИЈА , МЕСТАТА ПО ТАА ЦЕНА НИ СЕ ОГРАНИЧЕНИ

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 280евра ( 17 360ден)

Термини: 
07.04 спрема 08.04  – 12.04.2026

Прв ден: Поаѓање околу вечерните часови од Кочани.Попатно зимаме патници од Скопје,Велес,Св.Николе,Штип,Кочани,Виница,Каменица,Делчево.  Патуваме преку Република Бугарија, со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Анкара. Туристичка програма во градот Анкара – главниот град на Република Турција и еден од најживите градови во земјата – Мавзолејот на Ататурк, Националниот плоштад со коњаничката статуа на Ататурк. Слободно време за прошетка во мавзолејот околу 1 час и 30 минути. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

Втор ден: – АНКАРА – Кападокија
Појадок. 
Поаѓање за Kападокија. Фото пауза на соленото езеро – Туз Ѓолу / Солено езеро /, кое се наоѓа на 905 м надморска височина. Сместување во хотел ***+ во регионот Кападокија. Посета на подземниот град Кајмакли – најголемиот во Кападокија, веројатно настанат кон крајот на вториот милениум п.н.е. Достигнува длабочина од околу 80 м и се состои од станбени и јавни простории вкопани во вулканските карпи на неколку нивоа поврзани со тунели (опционално самостоен влез во градот, плаќање на влезница на лице место околу 13 евра по лице) Сместување во хотел. Факултативно попладне со дополнителна  посета на претставата „Вртливи дервиши“. Вечера. Факултативна ноќна тура со посета на еден од најголемите градови во регионот – Аванос. Ноќевање.

Трет ден – Појадок. На барање и како дополнителна факултатива, лет со балон над Кападокија (настанот се одржува рано наутро околу 04:00 часот.Ако има ветар нема можност за реализација за летањето со балон и организирањето на трансфер до пистата каде што полетуваат балоните. Цената вклучува трансфер, шампањ, осигурување и сертификат. Кападокија се смета за најимпресивно и највозбудливо место за лет со балон). Огранизиран трансфер (факултатива од 15евра ) до пистата од каде што полетуваат балоните. Враќање во хотел и појадок. Околу 08:30 часот, панорамската тура низ областа започнува со посета на една од најубавите долини – Долината на гулабите. Програмата продолжува кон градот Учисар со неговата тврдина, од чиј врв човечкиот поглед може да ја опфати целата магија на околниот пејзаж. Посета на градот Гореме и слободно време за самостојна прошетка. Попладне враќање во хотел. Вечера. Факултатива- посета на претстава со ориентални танци во традиционалното место „Јашар Баба“ со консумирање алкохолни и безалкохолни пијалоци без ограничување, вклучени турски закуски и овошје. За време на програмата во ресторанот имаме можност да набљудуваме рекреирана традиционална турска свадба. Враќање околу 23:30 часот во хотелот. Ноќевање.

Четврти ден – Појадок. Рано заминување за Истанбул околу 06:00 часот. Пристигнување во градот и имаме панорамска обиколка Европа и Азија и посетување на Православната Црква Св Светан. Слободно време,фото пауза и сместување во хотелот. Факултатива вечерно крстарење со јахта по Босфорот со богата фолклорна програма, консумирање алкохолни и безалкохолни пијалоци без ограничување, топли и ладни предјадења или како друга опција факултатива, вечерен автобуски разглед на Истанбул со посета на еден од најголемите трговски центри – Outlet Viaport Venezia. НАПОМЕНА: Само една од тие две факултативи може да се изведе , се зависи од заинтересираноста на патниците , и двете факултативи во исто време не постои можност да се изведат. Ноќевање.

Петти ден- Појадок
Одјавување од хотелот околу 08:00 часот. Посета на трговскиот центар „Florya“. Слободно време за прошетка и шопинг. Дополнителна факултатива за влез во самиот аквариум по желба на патниците. Сите тие кои што нема да влезат во аквариумот имаат слободно време во трговскиот центар. Кратка пауза од околу 40 минути на пазар во областа на градот Едрене пред границата „Капи Куле“Заминување кон Македонија и стигнување некаде во вечерните часови.


Во цената е вклучено:
*Превоз со високо туристички автобус;
*1 ноќевање со појадок и вечера во хотел со 3 ѕвезди во Анкара;
*Бесплатна панорамска обиколка на Анкара
*Бесплатна посета на музејот на Ататурк
*Панорамна обиколка -Долина на Гулабите, Град ОртаХисар, Долина на Камилите, Долина на Љубовта
*Фото пауза панорамна глетка кон областа
*2 ноќевања со појадок и вечера во во хотел со 3 ѕвезди во Кападокија;
*1 ноќевање со појадок во хотел со 3 ѕвезди во Истанбул;
*Фото пауза и посета на Туз Ѓолу или Соленото Езеро;
*Панорамска тура низ Анкара;
*Панорамска тура низ Кападокија;
*Панорамска тура низ Истанбул низ Европа и Азија
*Посета на трговскиот центар Florya во Истанбул;
*Богата туристичка програма по целата рута;
*Водич преставник од туристичката агенција;

Во цената не е вклучено: 
*Автентичен дервишки ритуал со танцот Сема – 30 евра;
*Трансфер до патеката со летачки балони – 15 евра;
*Аqua Florya влезница  -30евра
*Вечерно крстарење со јахта по Босфорот во Истанбул со неограничена консумација на алкохолни и безалкохолни пијалоци, топли и ладни предјадења – 55 евра;
*Возење со балон над Кападокија – околу 240 евра,
*Посета на подземниот ресторан „Јашар Баба“ со богата фолклорна програма. (Менито вклучува овошни салати, јаткасти плодови и пијалоци, локално производство без ограничување) – 40 евра, деца од 5 до 11,99 години – 25 евра;
*Ноќна тура до градот Аванос – 10 евра;
*Ноќна тура низ Истанбул со посета на трговскиот центар „Виа порт Венеција“ – 10 евра;

 

ДВЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ФАКУЛТАТИВИ

Поаѓањата за и од таму и паузите по патот можат да имаат измени зависност од потребите на патувањето. Тоа го одредува агенцијата.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
За ова патување важат општите услови на Т.А СУПЕР ТРАВЕЛ.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија