Прославете го 8-ми Март со вистинско уживање и релаксација – во прочуената Лутра Едипсос, најстарата и најпозната бања во Грција. Место каде што топлите термални извори се влеваат директно во морето, создавајќи уникатен природен феномен што привлекува посетители уште од времето на античките филозофи и римските императори. Прошетајте низ историјата спомната од Аристотел, почувствувајте го духот на старите римски бањи „Сила“ и уживајте во спојот на природна убавина, опуштен амбиент и благотворни води – совршен избор за празничен и обновувачки 8-ми Март.
Програма на патување:
1. Ден 06.03.2026 (петок) СКОПЈЕ - ЕДИПСОС
Состанок на групата на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем во 00:00 часот, поаѓање за Евија во 00:30 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Во утринските часови пристигнување на пристаништето Глифа. Качување на брод траект (возење 30мин) и пристигнување на вториот по големина остров во Грција, Евија кај местото Агиос Кампос. Кратко возење до една од најпознатите бањи во Грција, Лутра Едипсос. Сместување во хотелот Лито лоциран во центарот на Едипсос. Краток пешачки разглед и запознавање со местото: пристаништето, променадата, хотелот Термо Сила сè до термалните извори кои се вливаат во Егејското Море. Слободно време за индивидуални активности, време предвидено за одмор и релаксација. Можност за користење на термалните извори. Вечера. Ноќевање.
2. Ден 07.03.2026 (сабота) ЕДИПСОС – ПРОКОПИ – ЕДИПСОС
Појадок. Ден предвиден за факултативна посета на местото Прокопи познато по манастирот посветен на Св. Јован Рускин. Се верува дека моштите на овој светец кои се положени тука се чудотворни и лековити, заради што манастирот годишно привлекува голем број на верници. Покрај самата црква поставени се неколку убави кафулиња и продавнички каде се продаваат традиционални локални сувенири. Враќање во Лутра Едипсос, можност за користење на природните базени на отворено со минерална вода кои се влеваат во морето. Вечерта, организирана осмомартовска вечера со забава. Ноќевање.
3. Ден 08.03.2026 (недела) ЕДИПСОС - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во договорено време поаѓање кон Агиос Кампос, качување на траект и продолжување кон Глифа. Дневно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО цена Хотел Галини до 31.01.2026 - 139€/8.618ден
Редовна цена Хотел Галини - 159€/9.858ден
ПРОМО цена Хотел Мито до 31.01.2026 - 159€/9.858ден
Редовна цена Хотел Мито - 179€/11.098ден
Цена по лице за миним 2 лица во соба за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во Хотел по избор Хотел Мито 3* кај изворите или Хотел Галини 2* на сама плажа
- Исхрана на база на полупансион (појадок шведска маса и вечера сет мени)
- Бродски превоз на релација Глифа – Агиос Кампос – Глифа
- Вклучена 8-мо мартовска забава
- Организација и реализација со туристички придружник
- Туристичка такса
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување
- Факултативна посета на Прокопи 15€
Попусти и опционални доплати:
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620мкд (мин. 2 седишта);
- Доплата за еднокреветна 45€/2.790мкд од цената на аранжманот;
- Доплата за дополнително седиште во автобус 65€/4.030мкд.
Важни напомени:
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
–За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници, агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот пријавени.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ