СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - Март 2026 - 8ми МАРТ - Луковска Бања - Хотел „Копаоник“ 3*

Луковска Бања - Хотел „Копаоник“ 3*

Луковска Бања, со својата лековита термо-минерална вода и чист планински воздух, нуди идеално бегство на падините на Копаоник. Хотел „Копаоник“ 3 – шармантен планински хотел со прекрасен велнес центар создава топла, пријатна атмосфера за целосна релаксација. Совршен избор за празничен викенд и женско уживање за 8ми Март.

Програма на патување

1.Ден 06.03.2026 (петок) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во соби. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време за одмор, релаксација и користење на содржините од Велнес Центарот.  Вечера. Ноќевање.
2.Ден 07.03.2026 (сабота) ЛУКОВСКА БАЊА 
Појадок. Организирана прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања во прекрасна природа по т.н. Патеки на Здравјето; Горни Вирови, Милутиново Купатило, Луковска Река. Разгледот го продолжуваме со автобус до црквата Св. Мина и Етно Музејот (доколку временските услови се погодни). Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 08.03.2026 (недела) ЛУКОВСКА БАЊА - СКОПЈЕ 
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во договорено време со водичот на групата. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

ПРОМО цена за резервации до 31.01.2026 - 169€/10.478ден
Редовна цена на аранжманот - 189€/11.718ден
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд
Цена по лице за минимум 2 лица во соба

Во цената на аранжманот е вклучено: 
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во 1/2 соби во Хотел Копаоник 3*на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса)
- Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера на база сервирање сет мени) 
- Користење на отворен и затворен базени со термо-минерална вода со температура од 33-35⁰C 
- Користење на Велнес Центар (сауни, парна бања, солена соба, топли клупи - тепидариум)
- Забавна музичка програма во чест на 8-ми Март
- Користење на сала за забава и рекреација
- Туристичка такса
- Организација и реализација со туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко и здравствено осигурување 
- Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги)

Попусти и опционални доплати:
- Дете 2-5год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање) 
- Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% од цената (на барање)
- Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање) 
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
- Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.170ден 

Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта. 
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.  
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба. 
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија