1 ден 06.03.2026 (петок) КОЧАНИ – ЛУТРАКИ:
Состанок на групата во 04:15 часот кај судот во Кочани. Поаѓање за Грција во 04:30 часот. Попатно, преземање на патниците од Штип, Велес, Скопје, Неготино и Гевгелија. Се патува преку граничниот премин Богородица. Пристигнување во Солун во претпладневните часови. Одмор и слободно време за индивидуални активности и шопинг. Тргнување за Лутраки во попладневните часови. Пристигнување и сместување во Хотел. Одмор и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
2 ден 07.03.2026(сабота )ЛУТРАКИ:
Појадок. Посета на познатите бањи со топла вода кои се идеални за бањска терапија. Можност за уживање во минералните води на отворените базени. Слободно време за индивидуални активности. Навечер, прослава на денот на жената со вечера со жива музика во таверна. Ноќевање.
3 ден 08.03.2026 (недела)ВОДЕН – КОЧАНИ:
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Македонија со попатна посета на градот Воден со прекрасните Водопади – Катаракти. Пристигнување во Кочани во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: €120 / 7440 денари за уплата до 31.01.26
РЕДОВНА ЦЕНА : € 130 / 8060 денари
Во цената е вклучено:
Превоз на дадената релација со високотуристички автобус
Разглед и шопинг во Солун
Сместување во Хотел 3* (Галаксиум/Паладиум)
Две ноќевања со појадок
Организирана посета на Воден и водопадите
Организација, реализација и придружник на патувањето
Туристичка такса
Во цената НЕ е вклучено:
Влезница за базените – 3 евра ( се плаќа при влез)
Факултативна вечера со музика во таверна (минимум 25 лица, пријавување при резервација)
Здравствено патничко осигурување
Индивидуални трошоци
Напомена:
За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници
За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од 30%, доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање
Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување
Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата
Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата
Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања
Со оваа програма важат општите услови на патување на Т.А. СУПЕР ТРАВЕЛ