Венеција-Милано-Верона-Трст
8МИ МАРТ
Италија – земја што инспирира.
Земја на пица и паста, на мода и безвременска елеганција, на уметност што се чувствува на секој чекор. Совршен спој на традиција и модерно живеење, каде секој град раскажува своја приказна, а секоја улица зрачи со убавина.Дозволете си патување исполнето со стил, романтика и незаборавни моменти. Прошетки низ магични градови, архитектура која остава без здив и атмосфера што буди емоции.Италија не е само дестинација – таа е чувство.Подарете си спомен што ќе го носите засекогаш.
ПРОМО ЦЕНА 149 евра со задолжителна резервација на пакетот факултативи 85 евра - за уплати до 31.01.2025
Прв ден – 05.03.2026 (четврток)
Поаѓање од Велес во попладневните часови(околу 14ч).Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи.
Втор ден – 06.03.2026 (петок)
Пристигнување во Трст во утринските часови. Разглед на градот и слободно време за индивидуална прошетка . По разглед се упатуваме кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Designer Outlet Noventa di Piave. Сместување во хотел. Ноќевање.
Трет ден – 07.03.2026 (сабота)
По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, разгледот започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Потоа плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. По слободното време продолжуваме кон градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со водич:тврдината Сфорцеско, Плоштадот Piazza Duomo, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle, шопинг улица, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во вечерните часови заминување кон Лидо во хотелот. Ноќевање.
Четврт ден – 08.03.2026 (недела)
Појадок, и трансфер до пристаништето Пунта Сабиони. Превоз со брод до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и уживање.. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Македонија.
Петти ден - 09.03.2026 (понеделник)
Пристигнување во Скопје/Велес во раните утрински часови.(во зависност од гужвите на границите).
ПРОМО ЦЕНА 149 евра со задолжителна резервација на пакетот факултативи 85 евра (редовна цена на факултативите 90 евра) - за уплати до 31.01.2025
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 179 евра.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-Сместување во хотел 3* во Лидо ди Јесоло или областа Венето на база две ноќевања со појадок.
-Автобуски превоз на наведените релации
-Разгледи според програмата
-Посета на Трст и Designer Outlet Noventa di Piave
-Лиценциран придружник
-Поаѓање од Велес,Кавадарци,Неготино,Штип,Скопје,Куманово
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжителна доплата за туристичка такса за хотелот 5 евра по лице(се плаќа на лице место)
- Задолжителна такса за влез во Венеција 5 евра (се плаќа на лице место)
- Патничко осигурување за целиот престој – инфо во агенција или во некоја осигурителна компанија
- Влезници за локалитети (музеи, верски објекти)
- Индивидуални трошоци
ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПО ЛИЦЕ:
- Разглед на Венеција со водич (повратна карта со брод од и до Пунта Сабионе) – 35 евра
- Факултативна посета на Верона и Милано со водич – 55 евра
ПАКЕТ со сите излети во вредност од 90 евра може да се купи по акциска цена од 85 евра при резервација во нашата канцеларија (плаќање во автобус).
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
30% при резервација, остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред поаѓање.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
- Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Дете од 02–10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10%
- Возрасно лице на помошен кревет ја плаќа целата сума на аранжманот
Напомени:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање.
- Трето возрасно лице на дополнителен кревет плаќа полна сума на аранжманот
- Доплата за бирање на седиште во автобус 20€ по лице (за минимум 2 лица)
- Минималниот број за реализација на факултативите е 30 патници.
- Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 10 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
- Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.
- Организаторот има право за отказ на патувањето до 10 дена пред патувањето во случај на недоволен број на пријавени.