БУДВА-ОСТРОГ-ДУБРОВНИК-КОТОР-ТИВАТ
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД ШТИП,ВЕЛЕС,НЕГОТИНО,КАВАДАРЦИ,СКОПЈЕ
06.03.2025(Четврток) Велес -Скопје – Острог - Будва
Состанок на групата на Автобуска станица Велес во 22.00 часот. Поаѓање за Црна Гора.
Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
07.03.2025(Петок ) Острог - Будва
Во раните утрински часови пристигнување на Острошки манастир - сместен во високо карпест предел,основан од страна на Св. Василије Острошки во XVII век .Острошки манастир - најпосетениот манастир во Црна Гора т.е третото место по посетеност во светот на православието .Денес во истиот се наоѓаат моштите на Св.Василиј Острошки за кои се верува дека се чудотворни.Поаѓање кон Будва.
Сместување во приватни апартмани во попладневните часови. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот.. или пак воздишка за кафе или ручек во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег. Ноќевање.
08.03.2025(Сабота) Будва-Дубровник
Можност за факултативна целодневна посета на Дубровник со локален водич. Патувањето се одвива преку Тиват со траект до Дубровник. Градот каде се снимаа дел од сцените на познатата серија “Гејм оф Тронс“ денес, е под светската културна заштита на УНЕСКО и е несомнено една од најубавите светски дестинации за посета. Раглед и прошетка на стариот дел на градот; Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот Столб, Градскиот ѕвонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Враќање во Будва. Ноќевaње .
09.03.2025(Недела) Будва-Котор-Тиват
Напуштање на апартманите. Можност за факултативна посета на Котор и Тиват. Индивидуална прошетка во стариот дел на градот. Moжност за посета на катедралата Св.Трипун ( заштитник на градот ), Столбот на срамот, црквата Св.Никола, Наш предлог е искачувањето на Которската тврдина. Погледот од истата е фасцинантен и единствено од таму може да произлезат уникатни фотографии. Потоа се упатуваме кон Тиват, разглед нa градот и монденското пристаниште Порто Монтенегро, несекојдневно чувство на богатство, спој на природна убавина и човечки ресурси.
Тргнување за Македонија со попатни паузи и царински формалности,пристигнување во утринските часови.
Промо цена 99 евра / 6140ден по лице до 31.01.2025
Редовна цена 119 евра / 7380 ден по лице
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД ШТИП,ВЕЛЕС,НЕГОТИНО,КАВАДАРЦИ,СКОПЈЕ
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз од Скопје,Велес,Штип,Кавадарци,Неготино
- 2ноќевања во приватна Вила во Будва во двокреветни/трокреветни соби
- Организирана посета на Острошки манастир
- Организација, реализација и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативна посета на Дубровник 40 € (доплата на лице место)
-Факултативна посета на Котор и Тиват 20 € (доплата на лице место)
- Превоз од Долниот до Горниот манастир Острог во правец - 1€ (доплата на лице место)
- Туристичка такса во манастир Острог-1€ (доплата на лице место)
- Туристичка такса Будва 3 евра (доплата на лице место)
- Влезници по музеите и културно историските споменици
- Патничко осигурување (задолжително) се вади во агенција или во некоја осигурителна компанија
Напомени:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.- За овој аранжман важат Општите Услови за патување на СКТМ- Цените се изразени во евра за уплата исклучиво во денари по курс 1€=62мкд.-Трето возрасно лице на дополнителен кревет плаќа полна сума на аранжманот
-Доплата за бирање на седиште во автобус 10€ по лице (за минимум 2 лица)
-Минималниот број за реализација на факултативите е 30 патници.
-Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 10 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра.
-Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
-За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Т.A. СУПЕР ТРАВЕЛ
-Организаторот има право за отказ на патувањето до 7 дена пред патувањето во случај на недоволен број на пријавени.