во центар на Парга на 300 метри од плажа
39°17'06.3"N 20°23'57.4"E
ПАРГА
Во областа Епир постои магичниот дел на Јонското море, местото каде се спојуваат две спротивставени природни убавини: планината и морето. Оваа убавина го освојува секој турист кој ја посетил Парга, овозможувајќи да ужива во мирот, автентичноста и интимноста на оваа светска туристичка дестинација. Кога ќе прошетате во стариот град се чувствувате како да патувате во времето опкружени со сегашноста. Плажите Крионери, писо Крионери во центарот на градот и плажата Валтос под Венецијанскиот замок се вистинско уживање во Парга на Јонското море.
Вилата “URANIA“- СТРАНИЧЕН ПОГЛЕД МОРЕ, лоцирана е во центарот на градот во Парга со прекрасен страничен поглед кон море од терасите. Лоцирана е веднаш до стариот музеј за производство на маслиново масло. Од плажа е оддалечена 300 метри. Убаво опремена вила. Секоја соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер со комора и електричен шпорет, клима уред и тв и тераса со маса и столици и прекрасен страничен поглед кон морската шир. Секоја соба има стандардно купатило и вц. Вилата има и безжичен интернет, паркинг јавен кој функционира на принципот прво слободно место. На располагање имате и платен паркинг.