ДУПЛЕКС – АПАРТМАН БР.2 1/2+1/2 за 4 ЛИЦА
Дуплекс Апартманот се наоѓа на прв кат. Располага со две спални соби + кујна + купатило + тераса. Првата спална соба има еден дупол кревет комотен за спиење на 2 лица. Втората спална соба има еден дупол кревет комотен за спиење на 2 лица. Има плакар за алишта, ТВ и клима уред. Кујната е во посебна просторија одвоена со ѕид, комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер со комора и електричен шпорет, микробранова печка. Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со поглед на море во далечина .