Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 10:00 часот. Полетување за Венеција во 11:55 и слетување во 13:45 часот. Трансфер од Аеродромот до хотелот и сместување. Организиран разглед на Венеција: Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната Саат-кула, Мостот на воздишките… Слободно време за прошетки и уживање во карневалската атмосфера. Ноќевање.
Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, каде се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени производи и традиционална венецијанска чипка. Прошетката продолжува покрај Каналот Гранде и Мостот Риалто во Венеција, покрај ревиите со карневалски костими на Плоштадот Сан Марко. Препорачуваме да ја насликате венецијанската маска и да ја понесете како сувенир. Во вечерните часови, слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет… Ноќевање.
Појадок. Факултативна посета на Верона – позната по Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Данте, Куќата на Јулија, Амфитеатарот… Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Трансфер до Аеродромот во Венеција. Полетување за Скопје во 14:15 и слетување во 15:55 часот.
НАПОМЕНИ: