СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 🤽 🤽ЛЕТО 2026🏊‍♂️ 🏄‍♂️ - ☀️🌊ШПАНИЈА / ЛЕТО - Шпанија во Јули: сонце, сангрија и сиеста - 26.06.2026

Шпанија во Јули: сонце, сангрија и сиеста - 26.06.2026

Шпанија - место створено за забава и незаборавни моменти!

Возбудени сме што можеме да ви понудиме незаборавен летен одмор каде што ќе добиете можност да посетите повеќе од 10 европски градови, да ја истражите нивната историја, култура и знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до шармантните канали на Венеција, ќе можете да уживате во најубавите и највозбудливите места во Европа.

Доколку сте прв пат во Шпанија и на оваа наша авантура тврдиме дека ќе имате незаборавни 2 недели. Првиот страв секогаш е долгото автобуско патување, но тука нашиот водич, искусните возачи,многуте попатни паузи, посетата на прекрасните попатни локации ќе Ве натераат патувањето да Ви биде задоволство.

Сместен веднаш покрај морската променада, Hotel Reymar Playa нуди удобно сместување во самиот центар на Малграт де Мар. Хотелот располага со надворешен базен и пријатен простор за релаксација.

Собите се пространи и климатизирани, секоја опремена со рамноекрански ТВ од 32″ до 40″, приватно купатило и сопствен балкон.

На располагање е 24-часовна рецепција со услуга за размена на валути и туристичко биро. Во склоп на хотелот има детско игралиште, ресторан и бар. Тенискиот терен и теретаната се достапни со доплата. Малграт де Мар нуди богат избор на продавници и живописни барови во непосредна близина.

Аеродромот Жирона се наоѓа на 35 км, а градот Жирона е оддалечен 45 км. Од Малграт де Мар сообраќа редовна железничка линија до Барселона, која е околу 65 км оддалечена.

Malgrat de Mar е живописен туристички град на Коста Брава, познат по долгите песочни плажи, прекрасно уредената морска променада и пријатната медитеранска атмосфера. Градот нуди одлична комбинација од релаксација и забава – бројни ресторани, барови, шопинг улици и содржини за семејства. Одлично е поврзан со Барселона и Жирона со редовна железничка линија, што го прави идеална база за истражување на регионот. Malgrat de Mar е совршена дестинација за мирен, но динамичен одмор на море.
Во хотелот имаме 3 оброци (појадок, ручек и вечера) – Шведска маса. 

Датум:

26.06-07.07.2026 

Цени:

699€ по лице, гратис полн пансион за уплата до 01.03.2026 год.

Во цената е вклучено:
  • Организација на патувањето и водич
  • Превоз со високо туристички автобус (ТВ, клима)
  • 1 ноќевање со појадок во регионот на Лидо ди Јесоло
    – 6 полупансиони (појадок и вечера – шведска маса) во Малграт де Мар во дво и трокреветни соби
  • 1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Франција – Кан / Ница / Санремо во хотел со 2/3*)
Во цената не е вклучено:
  • Задолжително патничко осигурување: 550 денари ( се плаќа во агенција).
  • Доплата за еднокреветна соба = 45 еур по лице / на ден
  • Задолжителна туристичка такса во Италија, Франција = 10 еур (Се уплаќа во агенција)
  • Туристичка такса во Шпанија се плаќа на рецепција (Околу 1,5 еур ден се плаќа на рецепција во хотел)
  • Задолжителнен пакет на факултативи- Посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло -45 евра
  • Факултативни екскурзии според програмата
  • Се она што не е наведено во програмата
26.06.2026
Поаѓање од Скопје во попладневните часови.
Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.
27.06.2026
Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција.
Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*)
Ноќевање
28.06.2026
Појадок и поаѓање кон Верона.

Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери
Поаѓање кон Шпанија - Ноќно возење
29.06.2026
Пристигнување во Малграт де Мар и сместување во хотел со 3*- Reymar Playa 3* - Malgrad de Mar
29.06.2026 - 05.07.2026
Престој во Малграт де Мар - Hotel Cartago Nova 3*.
05.07.2026
Посета на пристаништето во Кан, локациите на прочуениот Кански Филмски фестивал, прошетка по познатата променада во Ница, се продолжува во Монако и Монте Карло со посета на патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот, преубавите и луксузни казина и целиот гламур што го нуди Монако и Монте Карло – со луксузните, јахти, крузери и единствените автомобили што го красат овој престижен регион.
Ноќевање
06.07.2026
Појадок и одјавување од хотел
Поаѓање кон Скопје.

07.07.2026
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

Пристигнување на пристаништето Пунто Сабиони во претпладневните часови.

По пристигнувањето, започнуваме со турата низ Венеција и ги посетуваме најпознатите знаменитости: Мостот на воздишките, плоштадот Св. Марко, Дуждовата палата, мостот Риалто, како и бројните романтични канали, меѓу кои и Големиот канал кој го дели градот на два дела.

По завршување на организираниот дел од турата, следува слободно време за индивидуални активности – прошетка низ уличките, возење со гондола, купување сувенири и уживање во уникатната атмосфера на Венеција.

Посета на Верона

Пристигнување во Верона.

Следува прошетка низ историскиот центар на градот и посета на некои од неговите најпознати знаменитости: античката римска арена – една од најстарите и најдобро сочувани во Европа, каде денес се одржуваат престижни концерти и оперски претстави; куќата на Јулија, симболот на романтиката; како и споменикот на Данте Алигиери, сместен на прекрасниот плоштад Пјаца деи Сињори.

Ќе уживате во атмосферата на овој волшебен италијански град исполнет со историја и шарм.

Посета на Кан, Ница и Монако и Монте Карло

Посета на пристаништето во Кан, локациите на прочуениот Кански Филмски фестивал, прошетка по познатата променада во Ница, се продолжува во Монако и Монте Карло со посета на патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот, преубавите и луксузни казина и целиот гламур што го нуди  Монако и Монте Карло – со луксузните, јахти, крузери и единствените автомобили што го красат овој престижен регион.

Барселона Панорамика- 65€, деца до 12 години: 35 €

Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди

Поаѓање после појадок од пред хотел со Автобус.
Пристигнување во Барселона и посета на Саграда Фамилја, куќите на Гауди & Paseo de Gracia, плоштад Каталуња, споменикот Кристофер Колумбо, Монжуик и влезница за Паркот – Шпанско Село. Со вклучена посета на Магичните фонтани. Слободно време за шопинг и индивидуални активности.
Посета на убавата Рамбла, кралскиот плоштад Реиал и еден од најубавите Roof top bars во Барселона.
– Препорака за исклучително добар и ефтин традиционален ресторан со локална Каталанска храна
Враќање на Коста Брава во вечерните часови.

📌 Цена на излетот: 65 €
👶 Деца до 12 години: 35 €

Аквариум Барселона- 35€, деца од 2-12 плаќаат 50%

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

Фламенго Вечер - 50€, деца до 12 години: 30 €

Трансфер до локацијата, влезница и Сангрија (Традиционално Шпанско вино)

  • Резервација на место за аранжман се прави со задолжителна уплата од 6000 ден.
  • Остатокот од цената на аранжманот се плаќа 15 дена пред поаѓање.
  • Плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари.
  • Попуст за дете од 2 до 12 год – 40 еур
  • Резервација на посакувано место во автобус – 1000 ден од седиште по лице
  • Дозволено е само еден голем куфер до 20 кг по лице и еден ранец за патување
  • Патниците мора да поседуваат валиден пасош со рок на траење од мин. 90 дена од влез во Европска Унија
  • Распоредот на факултативите може да претрпи одредени измени.
  • Магичните фонтани од Ковид периодот не работат поради рестрикција со вода, пред тргнување
    патниците ќе бидат известени дали истите ќе работат
  • Задолжително 48 часа пред тргнување патниците ќе бидат известени за локацијата на тргнување.
  • Агенцијата го задржува правото да изврши промени во програмата без претходна најава, доколку тоа е неопходно поради организациски, технички или други оправдани причини.
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија