Појадок. После појадокот се упатуваме во посета на Popeye Village (Селото на Попај). Селото всушност претставува филмски сет, останат од 1980 година од музичката продукција "Popeye". Денес е интересна атракција каде што на момент ќе можете да се почувствувате како дел од филмски сет, заедно со ликовите од популарниот филм Попај Морнарот. Може да вкусите Малтешко вино, да се возите со чамец, да си купите сувенир кој ќе Ви биде прекрасен спомен од ова место и секако да го посетите Музејот за стрипови на Попај брои над 100 оригинални стрипови од 1936 година.Враќање назад во хотел од каде што се упатуваме кон Marsaxlokk (се изговара „марса-шлок“) значи „јужно пристаниште“ и се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Ова е најголемото рибарско село на Малта, неговиот шарм се крие, не само во одличните риби што се нудат, туку и во романтичната сценографија каде голем број живописно обоени чамци танцуваат на благи бранови. Тоа е сцена која ги одмора и душата и очите. Препорачуваме патување кое вклучува тура со брод до познатите пештери Blue Grotto кои што се уште една од локациите на Малта кои вредат да бидат посетени.Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 23:30 часот. Слетување во Скопје во 01:15 часот.
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 279€
ЗА ПРВИТЕ 8 МЕСТА
РЕДОВНА ЦЕНА : 339€
Во цената на аранжманот е вклучено:
· Авионски билет на релација: Скопје - Малта - Скопје;
· Аеродромски такси
· Трансфер на релација: аеродром - хотел - аеродром на Малта;
· Сместување во хотел 3*на Малта - 3 ноќевања со појадок;
· Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
· Туристички придружник од страна на агенцијата за време на целото патување;
· Професионална организација на аранжманот;
Во цената на аранжманот не е вклучено:
· Доплата за куфер од 20 kg (цена 2-3 дена пред тргнување);
· Туристичка такса 3 € на ден, по лице (се плаќа во агенција);
· Полудневен факултативен излет на Валета и центарална Малта (трансфер + локален водич) - 55 €;
· Факултативен излет вечерна Валета(трансфер + локален водич) - 30 €;
· Целодневен факултативен излет на островот Гозо (трансфер + брод + локален водич) - 60 €;
· Излет – Marsaxlokk (трансфер + придружник од агенцијата) - 30 €; ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕКСКУРЗИЈА
· Излет – Popeye Village (трансфер + влезница) - 25 €;
· Во цената на факултативните излети не се вклучен ручек и влезници во објекти или локации;
· Индивидуални трошоци;
· Патничко - здравствено осигурување;
Напомена :
ПРИЈАВУВАЊЕ на ЕКСКУРЗИЈА ПРИ УПЛАТА на АРАНЖМАН !!
За реализација на истите потребно минимум 14 пријавени патници
Општи напомени:
· Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
· За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
· Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
· Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.