СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 🤽 🤽ЛЕТО 2026🏊‍♂️ 🏄‍♂️ - ☀️🌊ШПАНИЈА / ЛЕТО - КОСТА БРАВА - Хотел ALEGRIA El Mar 4 Superior, Santa Sussanna 2026

Хотел ALEGRIA El Mar 4 Superior, Santa Sussanna 2026

Дозволете си сончево бегство на прекрасната Коста Брава – рајска дестинација која го комбинира сјајот на медитеранските плажи со шармот на традиционалната шпанска култура! Уживајте на златните плажи и кристално чистото море, истражете ги шармантните приморски градови и локалните пазари, и опуштете се со врвна удобност и одлична гастрономија во хотелите.

Хотел ALEGRIA El Mar 4 Sup е модерен и стилски хотел сместен во срцето на туристичката зона на Санта Сузана, на само 150 метри од прекрасната песочна плажа, нудејќи идеална атмосфера за релаксација и уживање покрај Медитеранот.

Хотелот располага со светли и удобни соби опремени со приватен балкон, клима уред, телевизор и приватна бања, а гостите имаат пристап до Wi-Fi во заедничките простории. Секое утро се служи богат појадок на шведска маса, додека барот покрај базенот е совршено место за освежителни пијалоци и опуштени моменти. За дополнителна удобност и активен престој, хотелот нуди надворешен базен со тераса за сончање, фитнес центар, спа зона (со доплата) и различни забавни активности.

Неговата одлична локација, блискоста до плажата, ресторани, продавници и железничката станица Renfe го прават ALEGRIA El Mar 4 Sup одличен избор за совршен медитерански одмор.

Сместување: Хотелот располага со реновирани и модерно опремени соби, вклучувајќи адаптирани за лица со посебни потреби и комуникациски соби за семејства. Секој апартман е опремен со 2 кревети “queen-size”, балкон, климатизација, телевизија со сателитски канали, телефон, сеф, мини-бар и бања со туш, биде и фен за коса.

Услуги и објекти: Гостите можат да уживаат во надворешниот базен за возрасни и деца, внатрешниот базен и џакузи, сала за фитнес, спа и велнес центар, мини-клуб за деца, жива музика, сала за конференции, сала за игри, интернет сала и паркинг (надворешен, со доплата). Хотелот е пријателски настроен за домашни миленици (доплата од 10 € на ден, максимално 8 кг) и има специјализирана зона за велосипедисти.

Локација: Хотелот се наоѓа на само 150 метри од плажата во Сента Сусана, што го прави идеален за уживање во морето и сонцето. Близината на трговските центри и железничката станица овозможува лесен пристап до различни атракции и градови во регионот.

  • Во хотелот има на располагање дво и трокреветни соби, четворокреветните соби се на барање.
  • Деца 0-2 години се наплаќа 80 евра по лице.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
  • Сите останати услови на патување важат според правилата на Супер Травел
ДатаНоќиВозрасно лице3- тo Возрасно лицеЦена на дете

(2-11,99)

Еднокреветна Соба
18.06 – 25.067829 евра739 евра629 евра45 евра/ноќ/лице
25.06 – 02.077859 евра749 евра629 евра45 евра/ноќ/лице
02.07 – 09.077879 евра769 евра629 евра45 евра/ноќ/лице
09.07 – 16.077879 евра779 евра629 евра45 евра/ноќ/лице
16.07 – 23.077879 евра789 евра629 евра45 евра/ноќ/лице
23.07 – 30.077939 евра839 евра679 евра45 евра/ноќ/лице
30.07 – 06.087999 евра899 евра679 евра45 евра/ноќ/лице
06.08 – 13.087999 евра899 евра679 евра45 евра/ноќ/лице
13.08 – 20.087999 евра899 евра679 евра45 евра/ноќ/лице
20.08 – 27.087949 евра849 евра629 евра45 евра/ноќ/лице
27.08 – 03.097899 евра799 евра629 евра45 евра/ноќ/лице
03.09 – 10.097869 евра779 евра629 евра45 евра/ноќ/лице

Датум:

18.06.-10.09.2026

Цени:

од 829€ по лице
*Сите цени може да ги видите во делот “Цени Лето 2026”!

Во цената е вклучено:
  • 7 ноќи во Хотел ALEGRIA El Mar 4 Sup– Santa Susanna на база полупансион
  • Аеродромски такси
  • Повратен авионски билет Скопје-Барселона-Скопје,
  • Трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
  • Рачен багаж со димензии согласно политиката на Визз аир
  • Политика за деца – Попуст за деца од 2 до 11,99 години.
Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса (2 евра од ден по лице, се плаќа на лице место- подложно на промени)
  • Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
  • Доплата за багаж според моменталната цена на WIzz air


Барселона Панорамика- 65€, деца до 12 години: 35 €

Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди

Тргнување во утринските часови со автобус од Коста Брава.
По пристигнувањето во Барселона, се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.

Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.

Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.

Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.

Враќање на Коста Брава во вечерните часови.

📌 Цена на излетот: 65 €
👶 Деца до 12 години: 35 €

Аквариум Барселона- 35€, деца од 2-12 плаќаат 50%

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

 

Музеј Дали + Герона- 75€, деца до 12 години: 40 €

Тргнување во утринските часови од Коста Брава.

Патувањето нè води кон бајковитата Ѓирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право наречена „Бисерот на круната на Ѓирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метри.

Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности.

Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија.
Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник.

По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање на Коста Брава во вечерните часови.

📌 Цена на излетот: 75 €
👶 Деца до 12 години: 40 €

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија