СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 🤽 🤽ЛЕТО 2026🏊‍♂️ 🏄‍♂️ - ☀️🌊ШПАНИЈА / ЛЕТО - КОСТА БРАВА - Хотел Alegria Sun Village 4*, Lloret de Mar 2026

Хотел Alegria Sun Village 4*, Lloret de Mar 2026

Дозволете си сончево бегство на прекрасната Коста Брава – рајска дестинација која го комбинира сјајот на медитеранските плажи со шармот на традиционалната шпанска култура! Уживајте на златните плажи и кристално чистото море, истражете ги шармантните приморски градови и локалните пазари, и опуштете се со врвна удобност и одлична гастрономија во хотелите.

Во хотелот ALEGRIA Sun Village се нуди совршена хотелска формула за целосно уживање во уникатното искуство во Љорет де Мар. , внимателно е дизајнирн секој детал за да вашиот престој биде незаборавен. Уживајте во удобноста на нашите модерни и комфорни соби, персонализираната услуга и внимателно уредените простории создадени за целосна релаксација и одмор.

Опуштете се покрај базените на лежалки, вкусете вкусни оброци во ресторанот и сончајте се на терасато со прекрасен поглед. Хотелот нуди и услуга за миленици, бар, како и бесплатен Wi-Fi со високa брзина низ целиот објект. Без разлика дали сакате да се релаксирате, да истражувате или едноставно да уживате во медитеранскиот стил на живот, ALEGRIA Sun Village нуди сè што ви е потребно за совршен одмор.

Совршена локација

Хотелот се наоѓа на само 150 од прекрасната плажа, каде што можете да уживате во топлото сонце и кристално чистото море. Лорет де Мар е живописно туристичко место со богата понуда на ресторани, кафулиња, шопинг-зони и забавни содржини. Доколку сакате да ја посетите Барселона, градот е одлично поврзан, што го прави идеална дестинација за дневна екскурзија.

Модерно сместување

Собите се пространи, модерно уредени и нудат приватен балкон со прекрасен поглед кон морето или базенот. Секоја соба е опремена со клима, ТВ, бесплатен WiFi и сите удобности што ви се потребни за пријатен престој.

Вкусна храна и локални деликатеси

Во ресторанот на хотелот ве очекува разновидна шведска маса со богат избор на локални и интернационални јадења, како и широк асортиман на свежо овошје, десерти и освежителни пијалаци.

Одличен избор за семејства, парови и друштва

Без разлика дали патувате со семејството, партнерот или пријателите, Sun Village нуди нешто за секого. Динамична атмосфера, одлична локација и богати содржини го прават совршен избор за оние кои сакаат комбинација од забава, релаксација и истражување на убавините на Коста Брава.

  • Во хотелот има на располагање дво и трокреветни соби, четворокреветните се на барање.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
  • Сите останати услови на патување важат според правилата на Супер Травел

Полупансион + Трансфер + Авионски билети

ДатаНоќиВозрасно лице3- то Возрасно лицеЦена на дете

(2-11,99)

Еднокреветна Соба
18.06 – 25.067789 евра699 евра599 евра45 евра/ноќ/лице
25.06 – 02.077815 евра739 евра599 евра45 евра/ноќ/лице
02.07 – 09.077839 евра749 евра599 евра45 евра/ноќ/лице
09.07 – 16.077845 евра749 евра599 евра45 евра/ноќ/лице
16.07 – 23.077845 евра749 евра599 евра45 евра/ноќ/лице
23.07 – 30.077879 евра779 евра649 евра45 евра/ноќ/лице
30.07 – 06.087929 евра829 евра649 евра45 евра/ноќ/лице
06.08 – 13.087939 евра839 евра649 евра45 евра/ноќ/лице
13.08 – 20.087939 евра839 евра649 евра45 евра/ноќ/лице
20.08 – 27.087865 евра779 евра649 евра45 евра/ноќ/лице
27.08 – 03.097829 евра759 евра649 евра45 евра/ноќ/лице
03.09 – 10.097809 евра729 евра649 евра45 евра/ноќ/лице
Датум:

18.06.-10.09.2026

Цени:

од 779€ по лице
*Сите цени може да ги видите во делот “Цени Лето 2026”!

Во цената е вклучено:
  • 7 ноќи Хотел Sun Village, Лорет де Мар на база полупансион
  • Аеродромски такси
  • Повратен авионски билет Скопје-Барселона-Скопје,
  • Трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
  • Рачен багаж со димензии согласно политиката на Визз аир
  • Политика за деца – Попуст за деца од 2 до 11,99 години.
Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса (2 евра од ден по лице, се плаќа на лице место- подложно на промени)
  • Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
  • Доплата за багаж според моменталната цена на WIzz air

Барселона Панорамика- 65€, деца до 12 години: 35 €

Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди

Тргнување во утринските часови со автобус од Коста Брава.
По пристигнувањето во Барселона, се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.

Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.

Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.

Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.

Враќање на Коста Брава во вечерните часови.

📌 Цена на излетот: 65 €
👶 Деца до 12 години: 35 €

Аквариум Барселона- 35€, деца од 2-12 плаќаат 50%

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

Музеј Дали + Герона- 75€, деца до 12 години: 40 €

Тргнување во утринските часови од Коста Брава.

Патувањето нè води кон бајковитата Ѓирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право наречена „Бисерот на круната на Ѓирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метри.

Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности.

Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија.
Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник.

По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање на Коста Брава во вечерните часови.

📌 Цена на излетот: 75 €
👶 Деца до 12 години: 40 €

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија