СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА 2026 - АВИОНСКИ ПРОГРАМИ - УЗБЕКИСТАН – вистински раскош на Патот на свилата 10.04.2026

УЗБЕКИСТАН – вистински раскош на Патот на свилата 10.04.2026

„Ве покануваме на ексклузивно патување низ Узбекистан, каде импозантните градови Ташкент, Самарканд, Бухара и Кива нудат префинето доживување низ историјата, културата и луксузот на Патот на свилата.“

УЗБЕКИСТАН – вистински раскош на Патот на свилата

ТАШКЕНТ, САМАРКАНД, БУХАРА, КИВА 

10. Април (Петок)                 СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ 

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 18:30 часот. Полетување за Истанбул во 20:15 часот и пристигнување во 22:45 часот.

11. Април (Сабота)               ИСТАНБУЛ - ТАШКЕНТ

Полетување за Ташкент во 01:45 часот и пристигнување во 07:45 часот по локално време, летот трае

4 часа и 30 минути. По пристигнување во Ташкент, модерен град каде историското и современото се спојуваат во уникатен урбан пејзаж, трансфер до ресторанот и појадок. Разгледот започнува со Хаст Имам комплексот, духовното срце на градот. Овде се чува Утмановиот Куран, еден од најстарите и највредни примероци на куранот во светот. Сместување во хотелот. Следува посета на живописниот пазар Чорсу, каде боите, мирисите и звуците создаваат автентично ориентално доживување. По ручекот, посета на плоштадот Амир Тимур и на Плоштадот на независноста, симболи на величието на минатото и современата државност. Разгледот завршува со прошетка по Ташкентски Бродвеј каде што може да се почувствува модерниот градски ритам споен со локалниот шарм. Ноќевање.

12. Април (Недела)               ТАШКЕНТ - САМАРКАНД (270 км)

Појадок. Патуваме со брз воз до Самарканд, бисерот на Патот на свилата. Сместување во хотелот.

Разгледот започнува со мавзолејот Гур-е-Амир, на Амир Тимур и неговите наследници. Тиркизно-сината купола плени со својот блесок и раскош. Потоа следува посета на плоштадот Регистан, некогашното срце на градот, опкружен со трите прочуени медреси: Улуг Бег, Шер-Дор и Тила-Кари – архитектонски бисери што зборуваат за образовната величина на Самарканд. Ноќевање.

13. Април (Понеделник)      САМАРКАНД

Појадок. Претпладнето започнува со разглед на џамијата Биби-Ханум, некогаш една од најголемите во исламскиот свет, и прошетка низ Сијаб пазарот, сместен покрај џамијата. По ручекот, посета на Шах-и-Зинда, украсена со шарени и сини мозаици. Попладне,  слободно време за кафе, шопинг и индивидуални прошетки. Ноќевање.

14. Април (Вторник)             САМАРКАНД – БУХАРА (220 км)

Појадок. Патување со воз до Бухара, град со вековна духовност, нарекуван „свет град“. Сместување во хотелот. Посета на плоштадот Лјаб-и-Хауз, оаза со сенки и чајџилници, и разглед на Чор Минор, вистински архитектонски бисер. Следува посета на медресата Надир Диван и џамијата Магоки Аттори, кои ја одразуваат автентичната духовност и културно наследство на градот. Слободна вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање.

15. Април (Среда)                 БУХАРА

Појадок. Разгледот започнува со тврдината Арк, поранешна резиденција на бухарските емири, и мавзолејот на Саманидите, градежно ремек-дело направено од тули. Прошетка низ старите маала, тесни сокаци и традиционални куќи, а потоа посета на џамијата Боло Хауз и комплексот Пој-Калон, каде доминира величественото минаре Калон, џамијата Калон и медресата Мир-и-Араб. Попладнето, можност за шопинг во пазарите покриени со куполи: Токи Заргарон, Токи Сарафон и Токи Телпакфурушон. Овдека, на секој чекор лебди духот на трговијата од времето на Патот на свилата. Ноќевање.

 16. Април (Четврток)           БУХАРА – КИВА (430 км)

Појадок. Патување со автобус или брз воз низ пустината Кизилкум кон Кива, град кој ја зачувал својата историја во секој камен. Кива е првиот град во Централна Азија впишан на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Сместување во хотел и слободна вечер за прошетка низ волшебните улици. Ноќевање.

17. Април (Сабота)               КИВА

Појадок. Разглед на Ичан-Кала, стар град опкружен со впечатливи ѕидини. Посета на Калта Минор, препознатлив по тиркизната боја, Куња-Арк, резиденцијата на кановите/владетелите, и џамијата Џума со 218 дрвени резбани столбови. Прошетка низ дворецот Таш-Хаули и минарето Ислам Хоџа, а попладне слободно време за уживање во занаетчиските улици во кои се нудат - текстил, сувенири и чај. Ноќевање.

18. Април (Сабота)               КИВА - УРГЕНЧ – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Организиран превоз до аеродромот во Ургенч.  Полетување за Истанбул во 08:30 часот. Пристигнување во Истанбул во 10:50 и полетување за Скопје во 18:55. Пристигнување во Скопје во 19:25 часот.


Цената вклучува:                                                                  

- Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Ташкент и Ургенч–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси и оброци за време на летовите

- Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)

- Трансфери со автобус и брз воз на наведените релации според програмата

- Седум ноќевања со појадок во двокреветни соби во Хотели 4* (локална категоризација)

(Едно во Ташкент, Две во Самарканд, Две во Бухара, Две во Кива)

- Ручеци и вечери во локални ресторани

- Разгледи и прошетки во градовите според програмата, со локален водич и вклучени влезници

- Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:

- Електронска виза 20 Евра

- Бакшиш за локалните водичи и возачи

- Доплата за еднокреветна соба 18.000 денари

- Дополнителни влезници во локалитети (доколку има)

- Патничко-здравствено осигурување

НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници

За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ 

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија