ДоломитСКИ Ретрит – Италија
Лоцирани на сончевата страна на Алпите, Доломитите се дестинација за одмор која заслужено се смета за една од најдобрите скијачки региони во светот – идеална за оние што бараат разновидност и врвно ски-искуство.
Од почетници кои сакаат безгрижно да ги направат своите први чекори на снег, до семејства со деца кои бараат безбедна и пријатна средина, па сè до искусни скијачи и ѕвезди на Светскиот куп кои бараат динамични падини и вистински спортски предизвик – Доломитите нудат нешто за секого.
Скијањето овде значи уживање на легендарните патеки на Мармолада, како и на бројните поврзани скијачки центри, со вкупно над 1.200 км патеки и 30 снежни паркови. Сето тоа поддржано од модерни жичари, совршено уредени терени и беспрекорна инфраструктура.
Сместувањето е организирано во Hotel Orsa Maggiore 3* – хотел со одлична локација, веднаш до прекрасните скијачки стази на Доломитите, кој нуди удобност, топлина и сè што ви е потребно за вистински зимски одмор.
Нашиот искусен тим од Holiyay Travel ќе се погрижи за секој детал – од организација и логистика до дружење и активности, со цел да ви овозможиме не само патување, туку и вистинско зимско доживување.
Придружете ни се и поминете незаборавен одмор исполнет со скијање, авантура, нови пријателства и многу забава.
Искусете уникатни моменти и создадете спомени за цел живот – заедно со Holiyay Travel.
| Датум: | 07.01 – 15.01.2026 |
| Цена: | - 549€ за возрасно лице со организиран превоз
- 459€ за возрасно лице со сопствен превоз
- 469€ за дете од 03 – 12.99 години со организиран превоз
- 379€ за дете од 03 – 12.99 години со сопствен превоз
|
| Во цената е вклучено: | - Автобуски превоз на релација Скопје – Доломити – Скопје
- 6 ноќевања со појадок и вечера во хотел Орса Магиоре 3*
- Превоз до ски стазите и назад ( освен за патниците кои што патуваат со сопствен превоз )
- Претставник од агенцијата со цел објаснување и водење за целиот ски центар на Доломити
- Доктор за прва помош за време на целата тура
|
| Во цената не е вклучено: | - Ски опрема
- Ски карта
- Туристичка такса по лице на ден ( плаќање во хотел )
- Патничко осигурување
|
| Датум: | 13.01 – 20.01.2026 |
| Цена: | Редовна цена: - 499€ за возрасно лице со организиран превоз
- 395€ за возрасно лице со сопствен превоз
- 419€ за дете од 03 – 12.99 години со организиран превоз
- 315€ за дете од 03- 12.99 години со сопствен превоз
|
| Во цената е вклучено: | - Автобуски превоз на релација Скопје – Доломити – Скопје
- 5 ноќевања со појадок и вечера во хотел Орса Магиоре 3*
- Превоз до ски стазите и назад (освен за патниците кои што патуваат со сопствен превоз)
- Претставник од агенцијата со цел објаснување и водење за целиот ски центар на Доломити
- Доктор за прва помош за време на целата тура
|
| Во цената не е вклучено: | - Ски опрема
- Ски карта
- Туристичка такса по лице на ден ( плаќање во хотел )
- Патничко осигурување
|