Програма
1 ден
Лет од Скопје до Барселона. Поаѓање од Скопје во 17:20 часот. Пристигнување во Барселона во 20:10 часот. Трансфер до хотел. Сместување и ноќевање во хотелот.
2 ден
Појадок. Прошетка по булеварот Пасео де Грасија, познат по луксузните брендови и уникатната архитектура, каде се наоѓаат Каса Мила, Хотел Маџестик, Каса Батљо, Каса Аматлер и Каса Љео Морера, како и централниот градски плоштад Пласа де Каталуња. Продолжуваме кон Готскиот кварт и ја посетуваме Палатата на каталонската музика, ремек-дело на архитектот Луис Доменек и Монтанер. Завршуваме на Пласа де ла Сеу, каде се наоѓа Катедралата на Света Еулалија. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Утринска посета на Парк Гуел, дизајниран од Антонио Гауди, Саграда Фамилија, извонредната катедрала и симбол на Барселона, Аквариумот во Барселона, како и Паркот де ла Цитадела, каде се наоѓаат Замокот на трите змејови, Монументалната каскада и Триумфалната капија, како и Кулата Агбар (Torre Glòries). Попладне посета на Пласа де Еспања и ридот Монжуик, каде се наоѓаат Олимпискиот стадион, олимписките објекти и Националниот музеј на каталонската уметност (MNAC). Прошетката продолжува до пристаништето за крстарења, каде се наоѓа Мирадор де Колом, статуата на Кристофор Колумбо, познатата улица Ла Рамбла, каде се наоѓа архитектонското дело на Гауди Палау Гуел, како и Пласа Рејал. Качување на крузерот MSC Splendida (инаугуриран во 2009 година). Поаѓање во 18:00 часот.
4 ден
Пристигнување во Марсеј во 09.00 часот. Факултативно разгледување на Марсеј. Ручек на крстарењето. Поаѓање во 18.00 часот. Вечера и ноќевање на крузерот.
5 ден
Појадок на крузерот. Пристигнување во Џенова, Италија, во 09.00 часот. Факултативна тура низ Џенова. Ручек на бродот. Поаѓање во 17.00 часот. Вечера и ноќевање на крузерот.
6 ден
Појадок на крузерот. Пристигнување во Неапол во 13:00 часот. Панорамска тура на главните споменици на градот со посета на Дуомо (Катедралата Сан Џенаро), Кралската палата (Palazzo Reale), Пјаца дел Плебишито, Театарот Сан Карло и Кастел Нуово (Maschio Angioino). Трансфер до Соренто. Пешачка тура низ градот со посета на Пристаништето, Катедралата на Соренто, Манастирот на Свети Франциск и Базиликата Сан Антонио. Сместување и ноќевање во хотел.
7 ден
Појадок во хотел. Поаѓање за Алберобело. Посета на традиционалните конусни куќи од труло. Доцна попладне, трансфер до аеродромот. Лет Бари - Скопје. Поаѓање од Бари во 18.30 часот. Пристигнување во Скопјe во 19.40 часот.