ВЕНЕЦИЈА - Венеција е уникатен и романтичен град изграден врз повеќе од 100 островчиња поврзани со мостови и канали. Тука се наоѓаат величествениот плоштад Свети Марко, базиликата Свети Марко и Дуждевата палата – сведоштва за богатата историја на моќната венецијанска република. Прошетајте по мостот Риалто, уживајте во возење со гондола по Големиот Канал и запознајте го градот на маски, уметност и незаборавна атмосфера.
ВЕРОНА - Верона е еден од најубавите градови во северна Италија, познат по романтичната приказна за Ромео и Јулија. Стариот дел на градот изобилува со античка и ренесансна архитектура, меѓу кои најпозната е Арената во Верона – импресивен римски амфитеатар што и денес се користи за концерти и опери. Прошетајте до Куќата на Јулија, погледнете го познатиот балкон, уживајте на плоштадот Piazza delle Erbe и откријте ја топлината и шармот на овој романтичен град.
РИМИНИ - познато крајбрежно одморалиште на Јадранското Море, омилено по своите долги песочни плажи и живописна атмосфера. Градот има богата историја уште од римско време – тука се наоѓаат Арката на Август, Мостот на Тибериј и живописниот плоштад Cavour. Денес Римини нуди одличен спој на море, забава, гастрономија и култура, што го прави идеална дестинација за опуштање и истражување.
1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 08:00 часот. Полетување за Венеција во 10:25 часот, слетување во 12:10 часот. Поаѓање до Верона со автобус (околу 2 часа). Разглед на главните атракции во Верона: куќата на Јулија, Арената, Piazza Erbe, Arche Scalifere, Via Mazzini, Lamberi кулата. Трансфер до хотел во околината на Венеција. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организиран разглед на градот – мостот Риалто, Дуждевата палата, базиликата и плоштадот Сан Марко. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Организирано поаѓање кон Сан Марино. Разглед во Сан Марино – замокот и тесните улички на Сан Марино. Поаѓање кон Римини. Разглед на познатите споменици во Римини – мостот Тибериј, Arco di Augusto – најстариот римски триумфален лак, Tre Martiri Square, Piazza Cavour, и стариот пазар. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Слободно време за шопинг или уживање со италијанско еспресо во центарот на градот. Трансфер до аеродромот Treviso во Венеција. Полетување во 15:55 часот, пристигнување во Скопје во 17:35 часот.
• Авио билет на релација Скопје - Венеција - Скопје со Wizz Air• Аеродромски такси• Бесплатен багаж 40x30x20 cm• 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата• Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно• Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус• Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
• Сè што не е наведено во програмата• Влезница за во објектите и културно-историски споменици• Фери брод до Венеција• Такса за влез во Венеција – се плаќа онлајн на https://cda.ve.it/it . Цената изнесува 6-10 еур. Секој патник мора задолжително да ја плати таксата, по што добива посебен QR код за влез во Венеција• Предлагаме по 1€ од возрасен на ден за пратителот на групата
1. Времињата на поаѓање и пристигнување може да бидат променети од страна на авиокомпанијата, но во секој случај програмата ќе биде имплементирана во целост со потребните корекции.2. Во програмата имаме направено проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од некоја друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.3. Оваа програма е економична. Хотелите може да не бидат во централното подрачје на градовите. Информирајте се однапред за имињата на хотелите за време на турата. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.
Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.