СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - Март 2026 - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ 🚌 - БЕЛГРАД – ТЕМИШВАР - НОВИ САД - МАНАСТИР ТУМАНЕ 19.03.2026-Сопствена програма

БЕЛГРАД – ТЕМИШВАР - НОВИ САД - МАНАСТИР ТУМАНЕ 19.03.2026-Сопствена програма

БЕЛГРАД – ТЕМИШВАР - НОВИ САД

МАНАСТИР ТУМАНЕ


Белград е главниот град на Србија и еден од најстарите и најживописни градови во Европа. Носи енергија на град кој никогаш не спие — мешавина од историја, култура, забава и дух на Балканот.

Темишвар (Timișoara) е еден од најубавите и најразвиените градови во западна Романија, и се смета за културен и историски центар на регионот Банат. Тој е модерен, космополитски град со европски дух, прекрасна архитектура и богата историја.

Нови Сад е вториот по големина град во Србија и главен град на Автономната Покраина Војводина. Тој се наоѓа на бреговите на реката Дунав, под самата Петроварадинска тврдина, еден од најубавите, најживите и најкултурно богати градови на Балканот.


Прв ден 19.03.2026 (Четврток)

Поаѓање во 21:00 часот , преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.

Втор ден 20.03.2026 (Петок)

Пристигнување во раните утрински часови во Тумане. Манастирот е изграден во 14 век од страна на Милош Обилиќ. Во манастирот се чуваат моштите на Св. Зосим и Св.Јаков како и дел од моштите на Св. Нектариј Егински. Манастирот во 17 век од страна на руски монаси ја добива чудотворната икона на Св.Богородица. Од 08 часот започнува литургијата, после тоа од 09 часот манастирот е отворен за молитви за посетителите. По посетите се поаѓа за БЕЛГРАД. По пристигнување правиме посета на храмот св.Сава, Калемегдан – Белградската тврдина како и прошетка и кафе по Кнез Михајлова.. Сместување во хотел во пладневните часови. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи.

Трет ден 21.03.2026 (Сабота )

Појадок. Факултативен целодневен излет до Темишвар Романија. Пристигнување во Темишвар, Организиран разглед на градот: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем-подарок од градот Рим. Посета на Плоштадот на единството каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас. Слободно време за уживање во Темишвар или во шопонг центарот Iulius Town.

Враќање во Белград. Пристигнување во вечерните часови. Ноќевање.

Четврти ден 22.03.2026 (Недела)

Појадок и одјавуање од хотелот се заминува на целоднена факлултатива посета на Нови Сад. Прво го посетуваме Сремски Карловци со кратка обиколка на градот кој е познат по своето вино. Посета на Патријаршијата црквата св.Никола фонтаната Четири Лава и Карловачката гимназија.

Потоа се продолжува кон Нови Сад - разгледување на градот со локален водич. Посета на Петро-Варадинската тврдина која се наоѓа на 120 хектари површина со безброј подземни тунели чии темели се поставени во 17 век, а изградбата траела 88 години. Ремек дело на тврдината е пијаниот часовник кој гордо стои на тврдината. Посетата продожува по улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква. Слободно време за уживање. Во попладневните часови групата се упатува кон Македонија

Петти ден 23.03.2026 ( Понеделник)

Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.


ПРОМО ЦЕНА до 15.01.26 - 149 евра (9.240ден) со задолжителна доплата на факлутативи од 60 евра

Редовна цена - 169 евра(10.480 ден.)


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,

  • 2 Ноќевања со појадок во Хотел 3* во Белград,

  • Пешачки разглед со локален водич на Белград,

  • Посета на манастир Тумане,

  • Профисионален туристички придружник,

  • Организација и реализација на патувањето,


Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен излет до Темишвар - Романија - 40 евра(миниум 35 патници),

  • Пешачки разглед со локален водич на Нови Сад - 30 евра (задолжителна доплата),

  • Здраствено патничко осигурување (задолжително) 200 ден.

  • Туристичка такса.4евра во агенцијата.


Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;

  • Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;

  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;

  • Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;

  • Патувањето до Нови Сад може да се реализира и со лична карта пасошот е потребен за факултативната посета на Темишвар.

  • Пасошот мора да има важност минимум 90 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;

  • Уплата исклучиво во денари.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 15 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

-Доплата за дополнително седиште 100 евра;

За оваа патуваање важат општите услови за патување на Т.А Супер Травел

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија