Неа Врасна: Совршеното место за вашата следна авантура
Ова прекрасно место се наоѓа на само 75 км од Солун, нудејќи совршено бегство од секојдневието. Плажите во Неа Врасна се вистински магнет за посетителите. Со златен песок и кристално чисто море, тие се идеални за уживање во сончевите зраци и релаксација. Главната плажа, долга и широка, е совршена за семејства. Во позадина на плажите, планински пејзажи и зелени маслинови полиња создаваат уникатен контраст што го одзема здивот. Локалната природа нуди можности за авантуристи – од пешачење и велосипедизам до истражување на традиционалните села во околината. Неа Врасна не е само место за одмор, туку и можност за доживување на автентичната грчка култура. Локалните таверни нудат свежа риба и морски плодови, додека љубезните домаќини ве пречекуваат со вкус на домашно вино и узо.
Блиските места како Аспровалта и Ставрос нудат комбинација од традиција и модерна забава. Од шопинг и вечерни прошетки покрај морето, до фестивали и културни настани, овде секој момент е исполнет со уживање. Неа Врасна е скриено богатство на Егејот, каде секојдневието исчезнува, оставајќи простор за моменти исполнети со спокојство и инспирација.
Вила Аполониа се наоѓа на 150м од плажата во централниот дел. Пред самата вила се наоѓа градскиот парк. Вилата располага со 13 студија 1/3 и две студија 1/2 кои се на спрат. Студијата се на приземје и спрат и се опремени со кујна, купатило, балкон, АС (не е вклучена во цената), ТV и Wi – Fi . Дуплексот е комбиниран од две 1/3 соби кои се одделени со ходник, од кои едната соба нема тераса, но затоа има клима која е вклучена во цената, а исто така, се користи терасата од другата соба. Дуплексот располага со две кујни и две купатила. Вилата на приземје има пинг-понг маса и две дополнителни санитарни простории наменети за сите гости при реализирање на смените.