СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 8 ми Март 2026 - АВИОНСКИ ПРОГРАМИ ✈️ - Виена -06.03.26

Виена -06.03.26

Виена за 8-ми Март

(06.03 – 09.03.2026)

 

Виена – Волшебна мешавина на старо и ново; гастрономија: културен лонец во кој можете да најдете јадења од секоја светска кујна, совршено надополнети со вкусни австриски колачи и одлично кафе; Виена е музика, дом на големите композитори како Штраус, Бетовен и Моцарт и домаќин на операта со светско реноме; Виена е култура, со повеќе од 100 музеи за избор.  

Талкајте низ нејзиниот историски центар под будниот поглед на катедралата или уживајте во виенско кафе придружено со парче вкусна чоколадна торта Sachertorte.

BLACK FRIDAY цена: 369 € (22.880 ден.)

 

Редовна цена по лице: 499 €

Факултативни излети:

  • Посета на Schönbrunn Palace со градините + local guide + tour leader – 50 € по лице
  • Најстарата Зоолошка градина – 27 € по лице
  • Посета на Палатата Белведере – 40 € по лице

 

** Влезници во дополнителни објекти се со доплата.

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 50% од вкупниот износ и најдоцна 14 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ.

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

– ТЕРМИНИТЕ и ЦЕНИТЕ на аранжманот се подложни на промени и се согласно моментална расположливост.

– За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број на патници не се исполни патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информации за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување.

– Кај аранжманите кои вклучуваат авио превоз, по купувањето на картата не е возможна рефундација на истите и во тој случај важат условите на авио компанијата.

-Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low cost авио компанија, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.

-Цените со low cost аранжмани подложни се на промени и по уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.

-Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авио компаниите.

-Наведените саатници на летовите во програмата подложни се на промени и зависат од авио компанијата.

 

01 ДЕН (06.03.2026) СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА – ВИЕНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје три часа пред летот. Полетување за Братислава во 12:05 часот и пристигнување во 13:40 часот. Организиран трансфер од аеродромот во Братислава до хотелот во Виена. Пристигнување во Виена, сместување во хотелот и кратка пауза за одмор.
Во вечерните часови следува прошетка во околината и панорамски разглед на ноќна Виена, со можност за прв контакт со атмосферата на градот: осветлените улици, традиционалните виенски кафулиња и продавници. Вечера во локален ресторан/пицерија со традиционално мени. Враќање во хотелот. Ноќевање.
02 ДЕН (07.03.2026) ВИЕНА
Појадок. После појадокот, организиран разглед на Schönbrunn Palace - поранешна летна резиденција на Хабсбуршката монархија, денес една од најпознатите атракции во Виена и под заштита на UNESCO. Обиколка на внатрешноста со водич: импозантни сали, простории на Марија Терезија, Големата галерија, како и приватните соби на Франц Јосиф и Елизабета (Сиси). Прошетка низ раскошните барокни градини, со можност за успон до Глориета, од каде се отвора спектакуларен поглед кон градот.
Следува посета на најстарата зоолошка градина во светот – Tiergarten Schönbrunn, дом на над 700 видови животни, меѓу кои и панди, слонови, пингвини и многу други ретки видови.
По завршување на турата се упатуваме кон Stephansplatz, ќе имате можност за факултативно возење со традиционалните виенски кочии (Fiaker), фотографирање и посета на познатите улици за шопинг: Kärntner Straße и Graben. Прошетката продолжува кон Музејскиот кварт (MuseumsQuartier) – дом на реномирани музеи и галерии, како Leopold Museum и MUMOK.
Во вечерните часови враќање во хотелот. Ноќевање.
03 ДЕН (08.03.2026) ВИЕНА
Појадок. После појадокот, организиран разглед на Палатата Белведере – раскошен барокен комплекс составен од Горен и Долен Белведере, опкружени со симетрични градини и фонтани. Во Горниот Белведере се наоѓа една од најзначајните уметнички колекции во Австрија, вклучувајќи ги делата на Климт (најпознатата слика „Бакнежот“), Шиле, Кокошка, Моне и други европски мајстори. Градините на палатата нудат можност за релаксирана прошетка и фотографирање, со прекрасни панорамски погледи кон градот.
Следува посета на Селото Hundertwasser, Виенската пошта и пешачка тура по Рингштрасе, еден од најпознатите булевари во Европа. Ќе ги разгледаме: Операта во Виена (Staatsoper); Парламентот; Градската куќа (Rathaus); Театарот Бург; Универзитетот во Виена; Палатата Хофбург – поранешна императорска резиденција; Катедралата Св. Стефан (Stephansdom) – срцето на Виена.
После посетата заеднички ручек во ресторан каде ќе го прославиме денот на жената. Во вечерните часови враќање во хотелот. Ноќевање.
04 ДЕН (09.03.2026) ВИЕНА – БРАТИСЛАВА - СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот одјавување од хотелот (багажот се остава на рецепција). Слободно време за шопинг и прошетка во околината.
Во договорено време организиран трансфер од хотелот до аеродромот во Братислава со пристигнување три часа пред летот. Полетување за Скопје во 14:15 часот, а слетување во 15:50 часот.

Вклучено / Не е вклучено

  • Авио превоз Скопје – Братислава – Скопје
  • Аеродромски такси – подложни на промена
  • Рачен багаж - ранче (40cmх30cmх20cm)
  • Трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
  • 3 ноќевања во хотел на база ноќевање со појадок
  • Пешачка тура во Виена
  • Трошоци за организација на патувањето
  • 3-дневна транспортна карта (метро, автобус,трамвај) – 20 € по лице
  • Факултативни излети
  • Градска туристичка такса
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци на патниците
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија